„Креативни точки“ програма и учесници

PokanaМанифестацијата „Креативни точки“ која, како би сакале, треба да прерасне во традиционална, е дел од програмата на Центарот за култура и културолошки студии Културата како стил на живеење. Средбите во Лешочкиот манастир се реализираат во соработка со Женскиот хор „Менада“ од Тетово.
Како проектна активност на Центарот, манифестацијата има општа цел да го зголеми интересот на широката публика за творештвото на младите македонски уметници со посебен акцент на книжевното творештво. Посебните цели на манифестацијата се да предложи, организира и реализира нови форми на презентација на уметничкото творештво на младите автори во Македонија со кои ќе се придонесе за негова помасовна рецепција; на креативен и практичен начин да ги продлабочи и преиспита релациите меѓу уметностите; да придонесе за афирмација на младите автори во РМ и за нивно пошироко промовирање; да поттикне поголема рецепција на книжевните и уметничките дела.
Во рамките на манифестацијата се предвидува и книжевна трибина на тема која произлегува од претставените книжевни творби.
Констатацијата дека живееме во ерата на визуелното, придонесува за сè поголемо потиснување на невизуелните уметнички форми какви што се одредени видови на книжевност и музика. По­а­­ѓај­ќи од уверувањето дека тие се важен дел на човековата креативност, место каде што се задоволуваат колку естетските толку и сознајните потреби на луѓето, сметаме дека тие се незаменливо дел од духовна изградба на луѓето.
Уверени сме дека елементите кои го сочинуваат проектот Креативни точки се актуелни и ќе придонесат за меѓусебно подобро запознавање на уметниците кои творат во различни форми на уметнички израз и експресија, инволвирање на широката публика во процесот на создавање уметнички вредности и надминување на класичните пристапи во презентација на уметноста и промовирање на интермедијалниот пристап во културата.
Се надеваме дека ова прво издание ќе ја промовира замислената идеја. Нејзиното пошироко при­фа­ќа­ње, се надеваме, ќе биде добра основа за нејзино прераснување во традиционална манифестација.

проф. д-р Лорета Георгиевска – Јаковлева
претседателка на ЦККС

Програма

25.9.2015 (петок)
Женски хор „Менада“, „We are the World“ од Michael Jackson. Диригент: д-р Ивица Зориќ. Пијано придружба Ана Тимосиеска.
Поздравна реч на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, претседателката на Центарот за култура и културолошки студии
Поздравна реч на проф. д-р Ивица Зориќ, раководител на Женскиот хор „Менада“ и Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ-Тетоец“
Настап на Оливера Ќорвезироска
Богдана Бушевска, флејта, „Piece for solo flute“ од Jacques Ibert
Настап на Иван Антовски, Јулијана Величковска
Теодора Ветероска, пијано, „Овчеполска суита“, III став-Игра од Благој Цанев
Настап на Ана Голејшка, Живко Грозданоски, Ѓоко Здравески
Стефан Волчевски, гитара, „Invierno Porteño“ од А. Piazzolla
Настап на Милена Илиевска, Јован Илиески
Марија Јовановска;, виолина; Драгана Марковиќ, виолина, „Canonic Sonata for Two Violins in G major“ од G. P. Telemann
Настап на Томислав Каранфиловски, Ѓорѓи Крстевски, Калина Малеска
Елена Карапејовска, пијано, „Prélude cis-Moll “од Sergei Rachmaninov
Настап на Марта Маркоска, Перо Сарџоски
Ивона Нацевска, Georg Friedrich Handel „V’adoro pupille“
Настап на Игор Станојоски, Небојша Стојаноски, Биљана Стојановска
Ана Тимосиеска, пијано, „La cathédrale engloutie “ од K. Debussy
Настап на Давор Стојановски, Снежана Стојчевска
Женски хор „Менада“, „Can’t help falling in love with you“ од Elvis Presley. Диригент: д-р Ивица Зориќ. Пијано придружба Ана Тимосиеска.
26 септември (сабота)
11:00 Тркалезна маса на тема „Млада македонска литература“

ЦККС

Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) е формиран во октомври 2013 година, со цел да ги поттикнува креативните активности, новите културни облици и практики и да ги CCCSстимулира квалитетните културни и уметнички продукции; да обезбедува одржлив развој на културата, да ја поттикнува заштитата на културното наследство и старите занаети; да го поттикнува економскиот развој преку културните и креативните; да се залага за развивање на квалитетни културни политики и да ги засилува мултикултурните и интеркултурните врски. ЦККС се стреми да прерасне во препознатлива, непрофитна организација, поврзана со други организации во земјава и светот, чија насока на делување е преку културата, културните практики и истражувачки проекти да придонесуваат за демократизација на општеството и негов економски раст.
За да ги постигне своите цели ЦККС ја организира Меѓународната научна годишна конференција на ЦККС; ја разви Мрежата за култура и културолошки студии и интензивно ја негува меѓународната соработка, каква што е на пр. соработката со Словачката академија на науките и уметностите; „Reseau Culturel Europeen De Cooperation Au Developpement“, Париз; „Екоарт – ЕХО“, Скопје; „Дискурс“, Белград; како и редица универзитети од Балканот и Европа. ја реализира програмата Културата како стил на жи­ве­ење, во чии рамки се организираа нас­таните: Разговор со Гоце Сми­лев­ски, изложбата „Екоарт – Ехо“, прет­ставување на книгата на Мар­та Маркоска „Стрмоглаво кон ви­сочините“, а од оваа година и ма­нифестацијата Креативни точки; реализира проекти какви што се: „Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“ (поддржан од USAID), „Репрезентација на Холокаустот на Балканот во уметностите и медиумите“ (во соработка со здружението Дискурс, поддржан од Светското здружение на Евреите), „Креативни економии: ново знаење за нови иницијативи“ (поддржан од Министерството за култура на РМ) и истражувањето: „Европскиот образовен прос­тор и високото образование во РМ“; реализира работилници, како: „Критичкото мислење и критичката теорија во креативните практики“ (реализирана во рамки на проектот „Креативна младина“. подржан од USAID) и „Заштита на старите занаети – филцање“ (поддржана од Министерството за култура на РМ), реализира богата издавачка дејност преку издавачката куќа МИ-АН, а посебен сегмент од деј­носта е издавање на печатеното и електронското меѓународно рецензирано списание Кул­ту­ра/Culture (објавува трудови на македонски, англиски и руски јазик) и електронското меѓу­на­род­но рецензирано списание Investigating Culture.

„МЕНАДА“

„Менада“ е женски младински хор од Тетово, основан 1981 година од страна на д-р Ивица Зориќ. На репертоарот хорот има околу 300 композиции од ренесансата, преку класика, македонскиот музички фолклор до евергрин Menadaкомпозиции и современи композиции. Голем број ма­ке­донски композитори пос­ве­тиле свои дела за хорот ­„Менада”. Хорот гостувал во 20 земји на бројни натпревари и фестивали. На Републичкиот фестивал на младински пионерски хорови во Ка­ва­дар­ци, со младинскиот женски хор „Менада” освоил единаесет златни плакети во 1982,1984, 1986, 1990, 1992, 1994, 1996, 1998, 2000, 2004 и 2006 година. Како афир­ми­ран и потврден музички умет­ник македонската музичка култура ја презентира на меѓународни хорски натпревари во странствo каде ги освојува следните награди:

  • прва награда, Добрич, Бугарија,1995 година;
  • две втори награди, Литомишл, Чешка, 1995 година;
  • прва и втора награда, Гисен, Германија, 1997 година;
  • втора награда, Цеље, Словенија, 1981 година;
  • трета награда, Цеље, Словенија, 1987 година;
  • втора награда, Превеза, Грција, 1996 година;
  • трета награда, Превеза, Грција, 1998 година;
  • две први награди, Бад Ишл, Австрија, 2001 година;
  • Гранд-При, Бад Ишл, Австрија, 2001 година;
  • награда на Град Берлин, 2001 година;
  • две први награди, Меѓународен Охридски Фестивал во 2009 година;
  • Трета награда Меѓународен хорски фестивал Драган Шуплевски во Скопје, во 2002 година.

Во 2012 година учествувал на меѓународниот хорски фестивал во Римини, Италија, на кој освоил една втора и една трета награда. Во 2015 година хорот учествувал на меѓународниот фестивал во Италија, Алта Пустерија, на кој настапиле 73 хорови од повеќе држави. Хорот повеќе пати настапил со Македонската филхармонија и издал повеќе аудио и ЦД записи. Добитник е на наградата „19 Ноември“ на град Тетово.

ИВАН АНТОНОВСКИ

Ivan AntonovskiДипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Автор е на неколку поетски книги, на една книга од областа на книжевната теорија и книжевната критика и на една книга со книжевни колумни и есеи. Со песни е застапен и во домашни и меѓународни поетски антологии и зборници. Делови од неговото поетско творештво се препеани и публикувани на десетина странски јазици. Антоновски е автор и на студии од областа на книжевната историја и херменевтика, како и од културологијата. Повеќе негови стручни трудови се публикувани во домашни и странски стручни и научни периодични публикации. Коприредувач е Ветерот носи убаво време – антологија на најмладата македонска поезија и проза, чиј поетски дел е објавен и на чешки јазик и на антологијата на македонската љубовна лирика Од копнеж до ерос, објавена на српски јазик и наградена со признанието „Светосавски печат“ за авторски и издавачки потфат на годината. Автор е и на неколку книжевни преводи. Добитник е на неколку книжевни награди и на неколку значајни општествени признанија, меѓу коишто се наградата „13 Ноември“ на Град Скопје и наградата „Франк Манинг“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за најдобар студент во завршна година на студии. Песни

БОГДАНА БУШЕВСКА

Bogdana BusevskaСтудентка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на реномираниот македонски флејтист, проф. М-р Страшо Темков. Уште од рана возраст покажува наклонетост кон музиката, по што се запишува во основното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец”, отсек флејта. Запознавајќи се со флејтата и изучувајќи ја класичната музика, решава да продолжи во средното музичко училиште “Тодор Скаловски-Тетоец”, каде завршува отсек флејта во класата на проф. М-р Наташа Јаниќ. Освојува голем број награди на државни и меѓународни натпревари. Два пати настапува како солист со оркестарот „Орфеј”, во соседна Р. Бугарија. Исто така посетува и семинари кај светски реномирани флејтисти (Emmanuel Pahud, Дејан Гавриќ). Настапува на концерти во состав на Факултетот за музичка уметност и учества на многу ревијални концерти низ Република Македонија. Од 2014 година е член на квартетот флејти „Аулос”, со кој концертира и учествува на многу музички настани во државата и пошироко, а оваа година беа номинирани за престижната музичка награда „Виртуози”. Од 2006 година е член на женскиот младински хор „Менада” со кој настапува на музички манифестации во Р. Македонија и во странство, под диригентската палка на маестро Др. Ивица Зориќ. Својот талент го доградува секојдневно со многу труд и посветеност на инструментот и музиката.

ЈУЛИЈАНА ВЕЛИЧКОВСКА

Julijana VelickovskaПишува поезија, проза и преведува. Автор е на: монографијата Дваесет години Поетска ноќ во Велестово (2009, ПНВ), поетска збирка Комарци (2010, ПНВ) и романот Годишни времиња (2014, ПНВ Пуб­ликации). Нејзините песни се препеани и објавени на неколку ја­зи­ци, меѓу кои: кинески, англиски, српски, хрватски, словенечки, хо­ланд­ски, албански, чешки и италијански јазик. Учествувала на бројни по­етски читања низ Македонија и Европа. Застапена е во неколку ан­тологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, Чешка и Италија, а застапена е и во една антологија на светската современа поезија издадена во Кина. Таа е член на организациониот одбор на поетската манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ – Охрид. Основач е на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје. Песна

ТЕОДОРА ВЕТЕРОСКА

Teodora VeteroskaРодена на 29 ноември 1999 година во Тетово. Од мојата седма година тргнувам во основното музичко училиште “Тодор Скаловски -Тетоец” во Тетово и исто така сум член на детскиот хор “Лале” ,а потоа и член на женскиот младински хор “Менада”. Од трето одделение почнувам и со часови по пијано во класата на проф. Јасмина Трајческа се до петта година,а потоа во класата на проф. Анастасија Волчевска. Имам настапувано на два државни натпревари по пијано и 3 државни натпревари по солфеж,а неколку пати имам и настапувано на фестивалот ЕПТА во Скопје. Средното образование го продолжив исто така во средното музичко училиште во Тетово, насока изведувач-пијано во класата на проф. Анастасија Волчевска.

СТЕФАН ВОЛЧЕВСКИ

Stefan VolcevskiРоден 1993 година во Тетово. Своето основно и средно музичко образование го завршува во ДМУ „Тодор Скаловски–Тетоец“ во класата на проф. Борче Наумоски. Од 2012 година е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Дарко Багески. Во текот на своето школување учествува на меѓународни и државни натпревари каде освојува голем број награди, меѓу кои најзначајни се: Прва награда на Меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло“ – 2010 година, Скопје, Македонија; Трета награда на Меѓународниот фестивал за гитара „Станислав Бинички“ – 2011 година, Лесковац, Србија; Втора награда на Меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло“ – 2012 и 2015 година, Скопје, Македонија; Специјална награда на Државниот натпревар на ученици и студенти – 2013 година, Скопје, Македонија. Активно и пасивно учествува на семинари и мастеркласи кај еминентни педагози: Xhevdet Sahatxhija, Costas Cotsiolis, Thomas Offermann, Oman Kaminsky, Pedro Ribeiro Rodrigues, Zoran Dukic, Pavel Steidl, Marco Tamayo, Anabel Montesinos, Srdjan Tosic, Zoran Krajisnik и др.

АНА ГОЛЕЈШКА

Ana GolejskaДипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност, (не)случаен поет, љубител на перформансот, градот и уживањата низ него. Осцилира низ книжевната сцена, често како интерпретатор на стихови, свои и туѓи. Настапувала на многу поетски читања, а имала свој настап и на Струшките вечери 2011 и 2014 год. и на Ноќи без интерпункција. Нејзини дела се најдоа во изборот на: Ветерот носи убаво време – антологијата на најмладата македонска поезија и проза (2012), Антологијата на млада македонска современа авангардна поезија (20012) и Лирски додекамерон – антологија на младата македонска поезија (2012). Во септември 2013 год. ја издаде својата прва книга Љубов на улица, поезија за ритамот на неј­зи­ни­от живот. Објавувана е на неколку портали како дел од книжевните текови, со свои поеми и видувања за поезијата,. Во јуни 2014 год. на покана на Љубљанскиот поетски фестивал „Mladi Rime”, читаше поезија на Метелкова. Танцува, pro bono. Мераклија е за готвење и боемски дружби. Во слободно време пишува каде стигне, најчесто на социјалните мрежи. Во моментов ја подготвува својата втора збир­ка поезија. Пее и е дел од книжевното збиднување „Aстални Проекции”. Живее и работи во Скопје. Љуби. Песни

ЖИВКО ГРОЗДАНОСКИ

Zivko GrozdanoskiОсновно образование завршил во Бигор Доленци и во Кичево, а средно во Скопје. Завршил додипломски студии по италијански јазик и книжевност. Ги има објавено книгите Песок и свила (поезија, 2005), Отпечатоци врз коцки мраз (куси-куси раскази, 2009), Приказни за тревите (раскази, 2011), Куфер за тројца (роман, 2014). Од италијански јазик превел книги од Алесандро Барико, Итало Звево, Еуџенио Монтале, Николо Аманити и Емануеле Треви.

ЃОКО ЗДРАВЕСКИ

Gjoko ZdravevskiДипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работи како лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Ниш. Пишува поезија, кратка проза и есеи. Објавил две книги поезија: Палиндром со две н (2010) и Куќичка за птици-преселници (2013). Заедно со уште неколку поети од Србија и од Македонија ја објавил книгата Торту кроз прозор (поезија, 2010). Неговите стихови се објавени во неколку антологии на младата поезија: Ван кутије – антологија нове поезије ЈУ-простора, (2009), Нов македонски хаику-бран (2011), Ветерот носи убаво време – антологија на најмладата македонска поезија и проза (2012), Лирски додекамерон – антологија на младата македонска поезија (2012). Преведуван е на српски, хрватски, словенечки, чешки, француски, шпански и англиски јазик. Песна

МИЛЕНА ИЛИЕВСКА

Milena IlievskaОд своја 10-та година активно живее и дише поезија, проза, драма и музика. Песна

ЈОВАН ИЛИЕСКИ

Jovan IlieskiУченик во трета година во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Те­то­во. Активно се занимава со пишување од четиринаесет годишна воз­раст. Првата книга Душа на парче хартија е збирка проза и поезија и е печатена во печатница Напредок, Тетово. Матица Македонска е из­да­вач на втората книга Кругот на животот која што е животен ро­ман. Во меѓувреме објавува на својот блог „Душа на парче хартија под Бе­лешките на Катерина Монсен“, каде што првпат почнал да ги објавувам своите творби.

МАРИЈА ЈОВАНОВСКА

Marija JovanovskaУченичка во трета година во ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец”, во класата на проф. Глигор Кондовски. Учествува на многубројни музички фестивали и ревијални концерти на млади музичари во Македонија и пошироко. Наградена е со две трети и една втора награда на меѓународни натпревари по виолина во Охрид, Ниш и Аранѓеловац; две втори и една трета награда по виолина на државен натпревар во Скопје; пет први и една специјална прва награда на државен натпревар по солфеж; две први награди на меѓународен и државен натпревар по хармонија.

ТОМИСЛАВ КАРАНФИЛОВСКИ

Tomislav KaranfilovskiДипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет во Скопје и магистрирал на Институтот за македонска литература. Пишува поезија и книжевни критики. Работел како помлад истражувач на двегодишен проект за академско пишување. Негови сфери на интерес се современата поезија и медитеранските книжевности и култури. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Песни

ЕЛЕНА КАРАПЕЈОВСКА

Elena KarapejovskaУченичкa вo третa гoдинa вo средното училиште ДМУ „Тодор Скалоски-Тетоец”-Тетово, вo клaсaта нa прoф. Шкељзен Бафтиари. Учествува на многубројни музички фестивали и ревијални концерти на млади музичари во Македонија и пошироко. Настапувала и на концерти на Руска вечер, по повод патронатот на училиштето,на новогодишни концерти и со хорови. Нaгрaденa е сo две втoри и еднa третa нaгрaдa нa држaвни и меѓунaрoдни нaтпревaри пo пијано вo Скoпје, Гевгелија и Арaнѓелoвaц; една втора награда на меѓународен натпревар по теорија на музика и една прва награда на државен натпревар по теорија на музика; две специјaлни први и четири први нaгрaди нa држaвни нaтпревaри пo сoлфеж; една втора нaгрaда нa меѓунaрoден нaтпревaр пo хaрмoнијa и една специјална прва награда на државен натпревар по хармонија.

ЃОРЃИ КРСТЕВСКИ

Gjorgji KrstevskiДипломирал на Катедрата за руски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Активно се занимава со преведување од руски, англиски, српски и хрватски јазик. Досега превел над 20 книги за неколку македонски издавачки куќи. Заедно со уште двајца автори во 2005 година ја објави книгата со кратки прози Не сакам да ви кажам ништо, а во 2011 година за издавачката куќа Темлум ја објави книгата кратки раскази Обични и необични раскази. Негови раскази се застапени во Тешка ноќ – антологија на македонскиот современ фантастичен расказ, во Ветрот носи убаво време – антологија на најмладата македонска поезија и проза и во проектот „Раскази.мк“ на ЕВН. Свои раскази и песни објавувал во спи­са­ни­е­то Маргина и на неколку интернет портали за култура и книжевност (Okno.mk, Reper.net.mk, Think.mk и др.)

ДРAГAНA МAРКOВИЌ

Dragana MarkovikУченичкa вo третa гoдинa вo ДМБУЦ „Илијa Никoлoвски–Луј“, вo клaсa нa прoф. Oлег Кoндрaтенкo. Учествувa нa мнoгубрoјни меѓунaрoдни мaстерклaсoви, семинaри пo виoлинa: семинaр нa прoф. Oлег Кoндрaтенкo, мaстерклaс нa прoф. Дејaн Михaилoвиќ, семинaр нa прoф. Емилиo Перцaн. Нaстaпувa кaкo дел oд Скoпскo и Oхридскo летo. Нaгрaденa е сo три втoри и еднa третa нaгрaдa нa држaвни и меѓунaрoдни нaтпревaри пo виoлинa вo Скoпје, Ниш и Арaнѓелoвaц; една прва и три специјaлни први нaгрaди нa држaвни нaтпревaри пo сoлфеж; еднa првa нaгрaдa нa држaвен нaтпревaр пo пијaнo; две први нaгрaди нa меѓунaрoден нaтпревaр пo хaрмoнијa.

КАЛИНА МАЛЕСКА

Kalina MaleskaИздала две збирки раскази: Недоразбирања и Именување на инсектот, романите Бруно и боите и Призраци со срмени нишки и драмата Случка меѓу настани. Нејзини раскази се преведени на хрватски, бугарски и англиски јазик, а учествувала и на повеќе книжевни фестивали. Малеска предава англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што и докторирала. Посетувала и курсеви по книжевност на универзитетот Принстон, како и на New York City University (NYCU). Со свои трудови од областа на книжевната наука учествувала на повеќе меѓународни семинари, конференции и конгреси. Нејзини книжевни есеи се објавени во повеќе македонски и меѓународни списанија, меѓу кои Културен живот, Репер, Janus Head, Word and Text, Slovo (коешто го објавува University College London). Се занимава и со преведувачка дејност, а некои од делата што ги превела се: Она што беше небо на Владо Малески, Тристрам Шенди на Лоренс Стерн, Сестрите Макиока на Џуничиро Танизаки, Хаклбери Фин на Марк Твен, драми од Чикамацу Монзаемон, раскази од Амброуз Бирс. Расказ

МАРТА МАРКОСКА

Marta MarkovskaДипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а магистрирала на Културолошките студии (во книжевноста) при Институтот за македонска литература во Скопје. Маркоска е член на Друштвото на писателите на Македонија и досега има објавено седум авторски книги: книгата песни Црни дупки во нас (2014); Култура и меморија (културолошки студии, Матица, 2014); Расправа за Зен будизмот- религиско-филозофски трансценденции помеѓу источната и западната мисла, (научната студија, Матица, 2013); збирката песни Стрмоглаво кон височините (2012); Хипер Хипотези (збирката есеи, Институт за македонска литература, 2011), збирката раскази Вител во Витлеем (Темплум, 2010) и збирката песни Сите притоки се слеваат во моето корито (Темплум, 2009). Маркоска е добитничка на наградите: „Ацо Караманов“ (2012) за поетскиот ракопис Стрмоглаво кон височините и наградата „Бели Мугри“ (2014) за поетскиот ракопис Црни дупки во нас. Нејзиното творештво е застапено во повеќе антологии на современата македонска поезија и проза. Песни

ИВОНА НАЦЕВСКА

Ivona NacevskaИвона Нацевска е млад и надежен уметник која своите афинитети кон музиката ги покажува од најрано детство.На нејзина 6 годишна возраст станува најмлад член на детскиот хор „Лале“,но подоцна станува член и на ГЖМХ „Менада“.Основното музичко образование го завршува во ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“-Тетово,отсек соло пеење,а средното образование исто така го продочжува во државното музичко училиште отсек исто така соло пеење,која е 3-та година средно образование. Во 2014 година таа се пријавува на државен натпревар на млади музичари за средно музичко образование која на сите три натпревари општински,регионален и државен зема учество со 1-ви награди,во меѓу време таа пее и на други концерти и на концерти каде што и овозможува училиштето. Во 2015 година таа пак се пријавува на натпревар и повторно зема учество со први награди.

ПЕРО САРЏОСКИ

Pero SardzoskiПрофесор во Пегасус ЕЛС – Тетово, приватно училиште по англиски јазик, исто така книжевен преведувач (Ацо Шопов, Милан Ѓурчинов), поет (Карпа жива, 2005), писател (Цветниот пат, 2006), конференциски толкувач и режисер на претстави за деца на англиски јазик. Во слободно време се занимава со видео продукција. Исто така е истражувач на скриени предели ширум Македонија и вљубеник во македонскиот мелос и народната традиција. Инспирацијата ја црпи од богатото минато на оваа земја, но и од нејзината насушна сегашност.

ИГОР СТАНОЈОСКИ

Igor StanojoskiМакедонски лингвист и романсиер. Роден е на 23 мај 1979 година во Копенхаген, но поголемиот дел од животот го минува во татковината. Дипломира во Скопје на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на катедрата за македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Од 2003 до 2006 година и потоа во 2008/09 година работи на Универзитетот во Лавов (Украина). Од 2005 до 2009 година работи на Универзитетот во Катовице (Полска) и во 2009/2010 година на Масариковиот универзитет во Брно (Чешка). Докторира во Полска во 2009 година. Автор е на 5 книги од областа на лингвистиката и на романот „Гаргара“ (2014, издавачка куќа „Панили“).

БИЉАНА СТОЈАНОВСКА

Biljana StojanovskaДипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Шест години работи како новинар во дневниот весник „Нова Македонија“.

ДАВОР СТОЈАНОВСКИ

Davor StojanovskiМагистер по филолошки науки од областа на македонската книжевност. Застапен е во домашни и во странски поетски и прозни антологии и списанија. Добитник е на наградата „Ана Франк“ за драмски текст и на откупната награда за расказ на дневникот Нова Македонија за расказот „Соба со тенки ѕидови – Сонувајќи го Цејлон“ (2011). Неговиот прв роман Ненасловена месечева соната (Или-Или, 2013) влезе во потесниот избор за наградата „Роман на годината“ на Утрински весник. Исечок

НЕБОЈША СТОЈАНОСКИ

Nebojsa StojanoskiОд Тетово, има објавено лирски минијатури во списанието ,,Тренд“, има објавено драмски текст во списанието ,,Тренд“ под наслов ,,Приказната на големиот господар“. Исто така, дел е од ,,Антологијата на македонската авангардна поезија“ во списанието ,,Тренд“. Учествувал на колективната графичка изложба „Digital art exibitions“ во Тетово со свои творби. Небојша Стојаноски се занимава со анимација и со продукција на кратки филмови и бил дел како учесник на неколку филмски фестивали во Македонија и Словенија. Главна преокупација му е учење на странски јазици, видео-монтажа и видео продукција. Песна

СНЕЖАНА СТОЈЧЕВСКА

Snezana StojcevskaДипломира на Инситутот за Педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во 2012-та ја објавува првата поетска книга Шеќер по подот во издание на ИЛИ ИЛИ, како дел од едицијата „Русалки“ во која се јавува како уредник. Под нулата е нејзино второ дело, за кое ја добива наградата „Бели Мугри“ за 2013 година, што ја доделува Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Во 2015 година ја објави третата поетска книга Модри Фантазии во издание на издавачката куќа Темплум. Застапена е во повеќе антологии на младата македонска поезија. Песни

АНА ТИМОСИЕСКА

Ana TimosieskaПрв пат почнува да учи пијано на 8 годишна возраст во ДМУ „Тодор Скалоски-Тетоец” во Тетово, каде и завршила средно образование, отсек – пијано, во класата на проф. Јасмина Трајческа. Во истиот отсек продолжила и како студент на факултетот за музичка уметност – Скопје, каде оваа година завршува во класата на проф. Тодор Светиев. Остварува бројни настапи, а до сега има учествувано 7 пати на државниот натпревар по пијано и солфеж и има освоено 5 први награди и една специјална. Учество на натпревар по пијано на ниво на Европа во Истанбул, на фестивалите „Есенски музички свечености”, „Денови на македонска музика”, „Musica Viva”, „Езерски Бисери“, „Охрид те сакам“, како солист и корепетитор, корепетитор со хоровите „Менада“ и „Лале“ во Македонија, Бугарија, Италија. До сега одржани солистички концерти во Тетово, Скопје, Охрид и учество на неколку семинари со професори од Италија, Австрија и Русија. Моментално е и професор по пијано во ДМУ „Тодор Скалоски–Тетоец”, Тетово.

ОЛИВЕРА ЌОРВЕЗИРОСКА

Olivera KjorvezorovskaСовремен македонски раскажувач, романсиер и книжевен критичар. Дипломира на Филолошкиот факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методија“ во Скопје. Ги објавила следните книги раскази Страдањата на младиот лектор (2000), (С)плетени раскази (2003), Две перници (2010), романот Заклученото тело на Лу (2005), како и романите за деца Кифличката Мирна (1993), Мојот брат од тринаесеттиот кат (2001) и сликовницата Дедо Миле (2001, во коавторство со Глигор Костовски – Гишо). Добитник е на наградите „Нова Македонија“ (за расказ) и „Стале Попов“ (за проза). Расказ