Небојша Стојаноски: Песна

Чистење

Сите светли денови и сите љубени
изгубени се во неповрат
потонати во една нечиста тоалетна шолја
и само ја повлекувам рачката од казанчето
за да ги истерам сите нечистотии
за да ги избришам и заборавам
сите поминати јадови и градови.

Сите мои борби се
ни добиени ни изгубени,
само знам дека малку по малку ја
губам душата која и онака ми е евтина
и на пазарот на души може да се купи
со едно ветување и трошка глупа надеж.

Сите мои драги луѓе некаде потонаа
и сега гледам како времето
ме ебе како евтина курва
а, јас треперам и чезнеам
за некакви љубови
првоодделенски правдини
и други такви си пички-материни
и додека времето минутка по минутка си лета
знам што ме чека,
додека како изгубен тинејџер ја барам
смислата на животот
во главата ми ѕвонат зборовите на тетка ми
,,животот е ивади му го курот и помочај се“.