Сонцестој
Сонцето како појдовна, но и централна тема во оваа книга е всушност инструмент со кој се мери течението на вре¬мето. Дуалната природа на сонцето и спрегата на спротивставени енергии што во себе ги носи се две страни на ед¬на паричка, денот и ноќта, зората и залезот, животот и смртта, црното и белото, јин и јанг итн. Веднаш може да се насети сензибилитетот на нејзината поезија, лирична, нежна, медитативна, во исконски склад со природата, длабо¬ка, иск-рена и свежа.
More info →Ќе се завијам во песни
Откривајќи ја сопствената душа, поезијата на Стојчевска ќе ве натера да ѕирнете во сопствената душа, да се сетите на сопствените блиски, без оглед дали се тие тука со вас или некаде далеку, во некоја друга димензија.
More info →Математичка поезија
Функциите на живеачката, креативно ставени во тригонометријата на постоењето, продуцираат мисловност низ динамичен стих кој е експлозивно згуснат. Песните се отворени и достапни, разбирливи и приемчиви, но има и запрепастувачки песни-минијатури кои шокираат со грандиозноста на мислата, а кои значенски едначат со суштинско-сврзувачките симболи во кодификацијата на математичкиот јазик.
Даниела Андоновска–Трајковска ги повлекува рационалните и ирационалните вредности на Фибоначиевата низа во спектрумот на текстуални геометриски тела-песни за да го демистифицира човекот не само од аспект на антрополошки емпириски и логички позитивизам, туку и од аспект на еден прагматичен светоглед.
More info →Меланхолија / Melankoli
Насловната синтагма на новата поетска збирка на Ерол Туфан „Меланхолија“ директно ја посочува авторската интенција да суге-рира состојба на длабока тага. Читателот како со самиот наслов да е предупреден во стиховите што следат да не бара светли нијанси, вед-рина, радосни расположенија... И, се чини, токму тоа го привлекува читателот, зашто секој од нас, понекогаш, чувствува длабока потреба да го сподели меланхоличното расположение, понекогаш и да ја по-вика и да влезе во дијалог со неа. За секој од нас, меланхолијата е нешто друго, секој тоа чувство го доживува поинаку, различно. Ба-рајќи соодветен начин да се опише меланхолијата со која се сретнуваме во стиховите на Ерол Туфан можеби најсоодветно би било да речеме дека тој се доближува до сфаќањата на неоплатонистот Марсилио Фичино, на почетокот на ренесансата. Од него, имено, потек-нува ставот, широко раширен во тоа време, а чии одгласи уште ги чувствувавме, дека меланхолијата е неодминлив, па дури и задолжи-телен атрибут на секој кој има интелектуални или уметнички претензии.
More info →Град
Пет години по објавувањето на неговата поетска книга „Светлината на Света Гора“ (2015), за која ја доби нашата највисока поетска награда „Браќа Миладиновци“, Џепароски го менува топосот на своите поетски интереси посветувајќи ја книгата „Град“ на градот во кој го минал целиот свој живот – на градот Скопје. На епистемолошки план книгата ја следи траекторијата од времето на римско „Scupi”, преку скопскиот земјотрес од 1963 година, што авторот како петгодишно дете и самиот го доживеал, па сè до денешни дни, додека на формален план таа содржи елементи и на епската поезија – епската широчина, одмерениот ритам, повторувањето, но и на лирската поезија – интимната, социјалната и интелектуалната лирика.
More info →Компјутерска поезија
Во книгата, авторот ги зема добро познатите симболички, митски, фолклорни елементи, стварите од секојдневието, малите парчиња од културата и културното наследство и ги преработува, си поигрува со нив, често ги разложува на значенско ниво, за да ги организира во сопствениот поетски дискурс, добивајќи притоа сосема нови ставови, светогледи, па и нови означители и означувачи. И уште: овој пристап не секогаш е веднаш препознатлив и директен. На тој начин, Ковилоски ги маскира/трансформира нормите, што неговата поезија ја прави динамична, понекогаш цинична, но секогаш читлива и провокативна. Од перформативноста на поезијата до слемот е само еден чекор.
More info →