Иван Џепароски

Иван (Ивица) Џепароски (9 мај 1958, Скопје) е поет, филозоф, естетичар, критичар и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што магистрирал и докторирал. Автор е на дваесет и осум книги, и тоа: на шест поетски книги, на тринаесет книги од областа на естетиката и на културната теорија, на три поетски антологии и на шест теориско-есеистички избори. За своето творештво ги има добиено наградите: „Млад борец“ (1984), „Димитар Митрев“ (1993), „Парадигма“ (2009) и „Браќа Миладиновци“ (2016). Добитник е и на наградата „Григор Прличев“ (1993) за поетски превод. Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како редовен професор по предметите: Естетика, Историја на естетиката и Филозофија на културата. Бил и е раководител на Институтот по филозофија (2004–2009; 2013–), раководител на постдипломските студии на овој институт (2009–2013) и секретар на македонскиот ПЕН-центар (1999–2001; 2008–2014). Се занимава и со превод: Вилијам Блејк, Џејмс Џојс, Јосиф Бродски, Дејвид Хјум, Едмунд Берк итн. Неговата поезија и некои од неговите есеи се преведени на над дваесетина странски јазици во светот, а избори од неговата поезија се објавени во одделни книги во Бугарија, Србија и Романија. Неговата книга „Македонскиот есеј“ е преведена на англиски, француски, германски, руски, шпански и на кинески јазик (2011–2016), додека книгата „Уметничкото дело“ (2018) на албански јазик. Автор е на поетските збирки: Слики од изложбата (1989), Еклоги (1992), Песни (1998), Волја за мисла (2008) Грабнувањето на Европа (2012) Светлината на Света Гора (2015). Филозофски и естетички дела: Арго плови по Аксиј (1984), Во потрага по изгубениот тоталитет (1993), Уметничкото дело (1998), Отаде системот (2000), Филозофски приказни (2001) Младите, сакралното и уметноста (коавтор) (2003) Естетика на возвишеното (2008), Став и суштина (2010), Свето Манев (2014) Дискурси на визуелното (2014) Култура и книжевност (2016) Филозофијата во образованието (коавтор) (2019).

Поезијата и возвишеното

Поезијата и возвишеното

400 ден.

Возвишеното и поезијата е акрибична и научно фундирана книга во стилот на високиот степен на ерудиција на нејзиниот автор, повеќекратно потврдена во неговиот досегашен критичко-теориски опус. Како одличен познавач на естетско-философската мисла за феноменот на возвишеното, Џепароски суверено се движи низ најновите теориски сознанија на релевантни автори од втората половина на XX-иот и првите децении на XXI-от век, како што се: Ж. Дерида, Ж. Ф. Лиотар, Ф. Џејмисон, Т. Иглтон, Ж. Лакан, С. Жижек, С. Фриленд, Ј. П. Гринвуд, В. Моско и други.

More info →