На петтото издание на оваа мултимедијална манифестација настапија млади, но веќе афирмирани автори, прозаисти, поети, актери и музичари
На 14 ноември 2019 во Салонот 19,19 се одржа завршната манифестација на „Креативни точки 2019“. Организатор е Центарот за култура и културолошки студии и Културно информативниот центар на Град Скопје. Цел на манифестацијата „Креативни точки“ е промовирање на млади креативци и автори од областа на музиката, литературата, театарот и други уметности, а со цел нивна видливост и на нивните естетики и светогледи. Петти пат „Креативни точки“ успешно ја остварија целта.
Годинава, на завршната приредба во Скопје учествуваа студентите од ФДУ Скопје од класата на проф. Зоја Бузалковска, Петар Андоновски, Долорес Атанасова Лори, Ѓоко Здравески, Игор Крајчев, Владимир Лукаш, Биљана Стојановска, Снежана Стојчевска, Исток Улчар, Ана Голјешка Џикова и Биљана Камчева.
Манифестацијата нуди можност, преку заедничка креативна работа творците да ги споделат искуствата и да предложат дела со високи уметнички вредности, кои едновремено засегаат во секојдневното живеење на младата генерација. Искуството од претходните изданија на „Креативни точки“ говори дека таа придонесува за помасовна рецепција на литературното творештво и нуди интересна, интензивна, динамична и раздвижена културна програма. Манифестацијата „Креативни точки“ се реализираше со финансиска поддршка на Министерството за култура и на Град Скопје.
Фото албум „Креативни точки 2019“