Некогаш и сега

Некогаш и сега

Раскази базирани на животот

Седмата книга на Лилјана Палигора носи раскази, базирани на вистински настани, кои се пред сè и над сè - искрени. Во нив се пресликува животот, таков каков што е: комплициран и едноставен, со големи случувања и мали нешта.

About the Book

Седмата книга на Лилјана Палигора носи раскази, базирани на вистински настани, кои се пред сè и над сè – искрени. Во нив се пресликува животот, таков каков што е: комплициран и едноставен, со големи случувања и мали нешта. Книгата зборува за сегашноста и минатото, за традицијата и семејството, за љубовта и тагата…

Details
Author:
Series: Проза
Genre: Проза
Publisher: Книгоиздателство Ми-Ан
Publication Year: 2020
Format: А5
Length: 104 стр.
Illustrator: Калин Маловски
ISBN: 9789989191640
About the Author
Лилјана Палигора

Лилјана Палигора е родена во Прилеп каде што завршила основно и средно образование. Дипломирала во Скопје, на Вишата педагошка школа, група математика и физика. Својот работен век го поминала како професор по математика и физика, но паралелно на тоа, кај неа се развива љубовта кон литературата до тој степен што сосем ќе ја реконструира нејзината професионална определба. Во 2006 година, таа се појавува на македонската книжевна сцена со романизираната автобиографија „Ли“, а потоа следат години на плодно и неуморно творештво: „Патување низ минатото“ (збирка раскази), „Меѓу сините простори“ (роман), „Патот на пеперутките“ (роман), „Момчето со хармониката“ (роман), „Ѕиркање низ подотворена порта“ (збирка раскази). „Некогаш и сега“ е нејзина седма книга.