
Најдобрите руски сказни на македонски. Со илустрации!
Во зборникот се вклучени следниве руски народни приказни: Василиса Прекрасна. Репка, Баба рога, Принцот Иван, жар-птицата и сивиот волк, Разбојници, Јовче-будалчето, Гуски-лебеди, Златниот коњ, Морскиот цар и Василиса Премудра, Елена Премудра, Златниот прстен, Оди таму – не знам каде, донеси го – не знам што и Маша и мечокот.
Во современата литература за деца, особено за оние од помала возраст, многу ретко се наоѓаат руските сказни со кои растеле многу претходни генерации, а кои не се обременети со никакви научни и технолошки придобивки од денешнината. Зборникот од 13 руски народни сказни е наменет за децата од 3 до 8 години. Изборот е направен според традиционалниот опис на руските приказни во голем број руски зборници, хрестоматии, но и според нивната популарност на Интернет. Во зборникот се вклучени следниве руски народни приказни: Василиса Прекрасна. Репка, Баба рога, Принцот Иван, жар-птицата и сивиот волк, Разбојници, Јовче-будалчето, Гуски-лебеди, Златниот коњ, Морскиот цар и Василиса Премудра, Елена Премудра, Златниот прстен, Оди таму – не знам каде, донеси го – не знам што и Маша и мечокот. Целта на проектот е на најмладата публика да ѝ се претстават сказни кои се на врвот на светската литература за деца, а до кои тие речиси и немаат пристап.