Соработка помеѓу ЦККС и Словачката академија на науки

SREDBA-10-Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) и Словачката академија на науките потпишаа договор за соработка на меѓинародната конференција „Медиуми: теорија и практика“ која се одржува од 4 до 6 септември во Скопје.
Договорот за соработка предвидува учество во заеднички истражувачки и научни проекти од областа на културолошките студии, театрологијата, теоријата на литература, и други сродни дисциплини. Исто така, предвидува размена на истражувачи меѓу двете институции, соработка во областа на издаваштвото, како и заеднички настапи при соработка со други европски институции.
– Посебно ни е мило дека ЦККС како релативно нова институција во која е вткаена волонтерската работа на професори од неколку македонски државни универзитети соработува со реномирана институција како што е Словачката академија на науки, истакна на претседателката на ЦККС, Лорета Георгиевска-Јаковлева на средбата по повод потпишувањето на Договорот за соработка меѓу двете институции на која присуствуваше потпретседателката на Словачката академија на науките, Дагмар Подмакова, амбасадорот на Словачка во Република Македонија, Мартин Безак и потпретседателот на ЦККС, Мишел Павловски.
Амбасадорот Безак изрази задоволство од потпишувањето на договорот за соработка меѓу двете институции и истакна дека врските меѓу и македонскиот народ потекнуваат уште од IX век, од Моравската мисија на свети Кирил и Методиј која денеска продолжува на заемно задоволство на двата народа.