
Истражување спроведено кај децата со македонско потекло во Швајцарија
Книгата е посветена на културните фактори во учењето на јазици и ги презентира резултатите од неколкугодишната истражувачка работа со учениците од македонско потекло и нивните родители кои живеат во германскојазичниот дел на Швајцарија.
Книгата е посветена на културните фактори во учењето на јазици и ги презентира резултатите од неколкугодишната истражувачка работа со учениците од македонско потекло и нивните родители кои живеат во германскојазичниот дел на Швајцарија. За разлика од македонските родители на првата генерација, кои се под влијание на јазичните и културните вредности и норми на нивната родна земја, нивните деца растат во Швајцарија на два јазика и две култури. Во овој научен труд се прикажани влијанијата на учениците и нивните родители врз писменото производство на македонскиот како прв јазик и на германскиот како втор јазик. Покрај тоа, оваа пилот-студија обезбедува увид во лингвистичката, културната и јазичната практика на овие ученици и нуди придонес кон знаењето во областа на мултилингвализам. Публикацијата е наменета за експерти од културолошките, јазичните, образовните и општествените науки кои се заинтересирани за јазичен и културен диверзитет. Таа може, секако, да послужи и за студентите на дипломските и постдипломските студии, во однос на проучувањето на теориите на миграциите, идентитетот, интеркултурата и јазикот.