Меѓугенерациски трансфер на традиционални знаења и вештини: дизајн и изработка на сувенири

izl001

Опис на проектот

Новите научни сознанија за креативните економии и индустрии колку што го нагласуваат значењето на овие дејности за поттикнување на економскиот раст, толку, сѐ повеќе, зборуваат за значењето што тие го имаат за социјалната инклузија на различни групи и за општествената кохезија.

Програмски концепт

proekt-ageism2Перцепцијата на староста (англиски аgeism) е комплексна и обично негативна општествено условена појава, со негативни последици врз старите луѓе. Дискриминацијата по основ на старост е најзастапен вид дискриминација. Истражувањата велат дека речиси 35% од испитаниците над 18-годишна возраст имаат негативна претстава за староста. Таа негативна претстава се одвива и на структурно и на индивидуално ниво и е присутна во многу различни контексти кои се културно условени. Оттука се заклучува дека сложената и често негативна општествена изградба на перцепцијата на старост е распространета појава.
Западните европски истражувања даваат доволно докази во врска со негативните ефекти на негативната претстава за староста во сите сфери на животот со што се зацврстува социјалната нееднаквост, која пак повеќе е нагласена кон постарите жени, сиромашни луѓе или оние со деменција. Староста често пати се поистоветува со смртта, па луѓето имаат желба да се оградат од какво било потсетување на фактот дека сите се смртни. Оттука и предрасудата дека да се биде физички блиску до постарите возрасни лица или дури и да размислувам за нив има тенденција да предизвикаа анксиозност и смрт, па честа е и тенденцијата за просторна одвоеност меѓу младите и старите. Сето тоа има ефект на потиснување на самочувството на старите лица, односно придонесува за негативна перцепција на самите стари луѓе за себе.
Ваквите сознанија бараат интервенции кои би придонеле за ефикасни анти-дискриминирачки практики врз основа на староста. Наше убедување е дека преку организирање на работилници за креативни економии и практики во кои младите и старите луѓе ќе бидат во контакт можат да се коригираат погрешните верувања, а двете возрасни групи да извлечат бенефит.
Фактот дека се соочуваме се сменета демографија, односно со стареење на населението, овој проект го прави актуелен. За актуелноста на темата во западноевроските држави говорат и сѐ поголемиот број на финансиски поддржани проекти од Европската унија за справување со т.н. ageism или негативна претстава и маргинализација на старите лица. Сѐ повеќе добива на гласност тезата дека високата застапеност на еиџеизмот (маргинализацијата на старите лица) има сложени општествени корени со широки последици. Оттука проектот има практично значење како во надминување на еиџеизмот, така и во економскиот развој. Ваквиот вид на проекти е насочен кон тој двоен бенефит.
Преку реализацијата на предложениот проект ќе придонесе за остварување на општествената инклузија и кохезија и на поттикнување на економскиот раст. Целна група на проектот, од една страна, е една од општествено и културно најмаргинализираната група – старите и изнемоштени лица, кои преку проектот треба да се вклучат во општествениот и економскиот живот на заедницата. Од друга страна, проектот се однесува и на најмладата популација и нивната едукација за значењето и вредностите на традицијата за заедницата, како и за развивање на претприемачкиот дух кај нив. Дизајнирањето и изработката на високо естетски производи – сувенири наменети за широкиот пазар, овозможува и економски бенефит за целните групи.
Предвидено е преку проектот да се организираат едукативни настани (обуки и работилници) со цел да се изработат сувенири по претходен изработен дизајн. Готовиот производ – сувенирот, ќе ги презентира естетските вредности на традиционалниот македонски вез и чипкарството. Во изработката на овие предмети, најмладата популација ќе се запознае со складноста и хармонијата на форми и бои на македонскиот традиционален вез и чипкарство од различни делови на Македонија, ќе се стекне со одредени традиционални вештини и ќе го развива креативниот потенцијал и претприемничкиот дух. Старите лица пак, во една креативна атмосфера, ќе го пренесат своето знаење на младата генерација и ќе имаат можност да се стекнат со нови вештини.

Долгорочни цели

На долг рок целта на овој проект е да се спротивстави на практиките на дискриминација на старите лица и да им овозможи на постарите луѓе да го реализираат својот целосен потенцијал и да се пренесе традиционалното знаење на младите генерации. Со вака зацртаните долгорочни цели се очекува, од една страна да се надминат стереотопите и да се постигне менување на општествената слика за старите лица како лица кои се на товар на семејството и општеството заради нивната неполезност, а од друга да се премости генерацискиот јаз и да се поттикнат младите да го развиваат претприемничкиот дух.
Краткорочни цели: Преку проектот се очекува да се поттикне креативноста и да се дизајнираат уникатни сувенири со високи естетски вредности базирани на македонската традиција и фолклор, наменети за пазарот.

Цел на проектот

Целта на проектот е преку одржување на креативни работилници за изработка на сувенири кои произлегуваат од традиционалните везови и чипкарство, да се овозможи:

  • пренесување на традиционалните вештини од старите лица сместени во домовите за згрижување на стари лица на младите генерации;
  • меѓугенерациско поврзување;
  • социјална инклузија на старите лица;
  • дизајин и изработка на сувенири;
  • промоција на традиционалните вештини преку изработка на сувенири;
  • дополнување на буџетот на старите лица,
  • придонес кон добрата кондиција и здравјето на старите лица.

Визија: Се очекува преку проектот да се воспостави позитивна практика на социјална инклузија на старите лица сместени во домовите за згрижување на стари лица и да се покаже дека и старите и изнемоштени лица се способни за креативни активности кои се општествено корисни и кои можат да учествуваат во економскиот живот на земјата.
Мисија: Да се врати чувството на достоинствен живот на старите лица и да се смени сликата за старите како товар на општеството и семејствата. Едновремено, да постигне и меѓугенерациски трансфер на традиционани вештини и знаења.

 

Фотографии од настанот