Продолжува проектот „И старите можат!!!“

Проектот „И старите можат!!!“ претставува продолжување на проектот Меѓугенерациски трансфер на знаења и вештини“, во два наврата поддржан од Министерството за култура и на експлицитен начин покажува дека првичната институционална поддршка може да биде одржлива низ натамошни активности.
Цел на проектот е преку одржување на креативни работилници да се поттикнат старите лица на креативна активност преку која се обезбедува за:

  • социјална инклузија на старите лица;
  • враќањето на самодовербата и достоинство на старите лица и
  • добрата кондиција, психичкото и физичкото и здравјето на старите лица.

Визија: Преку воспостави позитивна практика на социјална инклузија на старите лица сместени во домовите за згрижување на стари лица и да се покаже дека и старите и изнемоштени лица се способни за креативни активности кои се општествено корисни.

Програмски концепт и актуелност на проектот

Сложената и често негативната општествена изградба на перцепцијата на старост е многу распространета појава. Фактот дека се соочуваме се сменетата демографија, односно стареење на населението, го прави овој проект актуелен. За актуелноста на проектот зборува и потребата за справување со т.н. ageism или негативна претстава и маргинализација на старите лица. Сѐ повеќе добива на гласност тезата дека високата застапеност на еиџеизмот, неговите сложени општествени корени и широки последици што ги има, проектите од ваков тип ги прават актуелни и добредојдени.
Перцепцијата на староста (англиски аgeism) е комплексна и негативна општествено условена појава, обично со негативни последици врз старите луѓе. Истражувањата покажуваат дека дискриминацијата по основ на старост е најзастапен вид дискриминација. Конструирањето на негативната претстава се одвива на две нивоа: и на структурно и на индивидуално и е присутна во многу различни контексти кои се културно условени (на пример: на работното место, здравството, уметничките претстави, медиумите и сл.)
Западните европски истражувања даваат доволно докази во врска со негативните ефекти на негативната претстава за староста во сите сфери на животот со што се зацврстува социјалната нееднаквост, која пак повеќе е нагласена кон постарите жени, сиромашни луѓе или оние со деменција. Староста често пати се поистоветува со смртта, па луѓето имаат желба да се оградат од какво било потсетување на фактот дека сите се смртни.
Ваквите сознанија бараат интервенции кои би придонеле за ефикасни анти-дискриминирачки практики врз основа на староста. Наше убедување е дека преку поттикнување на креативноста можат да се коригираат погрешните верувања, а на старите лица да им се обезбеди достоинствен живот.

Фотографии од настанот