Ќе се завијам во песни

Ќе се завијам во песни

Нежна книга за љубовта и загубата

Откривајќи ја сопствената душа, поезијата на Стојчевска ќе ве натера да ѕирнете во сопствената душа, да се сетите на сопствените блиски, без оглед дали се тие тука со вас или некаде далеку, во некоја друга димензија.

About the Book

Поетската збирка на Снежана Стојчевска „Ќе се завијам во песни“ на очиглед го поставува автобиографското. Таа го варира мотивот на загубата на таткото, еден од најчестите во светската книжевност. Она што е специфично за оваа збирка, лајтмотивот на светската поезија – загубата на ближниот – го вткајува во вековната македонска традиција манифестирана во обичајот оној што тагува да се завие во црно. Стојчевска овој адет го инверзира. Наместо да ја одбере пасивноста, црнилото и изолираноста, таа го одбира креативното одболување, активноста наспроти помирливоста, поезијата наспроти молкот. На тој начин не само што добиваме Песни со голема почетна буква туку добиваме и своевиден споменик на човекот по кого се тагува. Тој е тука, во нејзините песни, во нејзиниот исказ, во книгата. Уште повеќе, Таткото во книгата е најконкретно присутен – преку факсимилите на неколку негови песни се прави креативен спој меѓу двете поезии, така што Татковите песни можат да се исчитаат како интертекстуална предлошка на песните на Ќерката. Во збирката се застапени три поетски циклуси: „Не- видлива битка“, „Премостување“ и „Писма од морнарот (кој нема да се врати)“.

Details
Author: Снежана Стојчевска
Series: Стих
Genre: Поезија
Publisher: Книгоиздателство Ми-Ан
Publication Year: 2019
Format: A5
ISBN: 9789989191459
List Price: 300 ден.
Пред нас е лирска, нежна поезија, поезија која го прави она што секоја поезија се очекува да го постигне – длабоко влијае врз чувствата на читателот.
– Мишел Павловски
Снежана Стојчевска

Родена 1980 година во Скопје. Дипломира на Инситутот за Педагогија при Филозофскиот Факултет во Скопје. Во 2012 ја објавува првата поетска книга „Шеќер по подот“ во издание на ИЛИ ИЛИ, како дел од едицијата Русалки во која се јавува како уредник. „Под нулата“ е нејзино второ дело, за кое ја добива наградата „Бели Мугри“ за 2013 година, што ја доделува Домот на културата Кочо Рацин Скопје. Во 2015 година ја објави третата поетска книга „Модри фантазии“ во издание на издавачката куќа Темплум. Нејзината последна книга „Треба да е лесно“ излезе во мај 2017 година во издание на издавачката куќа Антолог, а беше промовирана на BookStar 2017 - фестивал за европска литература.
Од од 2012 до 2013 година беше активна како уредник на радио емисијата за поезија: „Песни, приказни и сон“ на канал 103, кадешто ја претставуваше поезијата на својата генерација. Исто така беше организатор и учесник на работилницата за книжевност: Креативен викенд во Лазарополе „Кратки книжевни форми“ (октомври 2012, 2014)
Застапена е во повеќе антологии на млада македонска поезија