Енциклопедија на македонски имиња

Енциклопедија на македонски имиња

Над 2000 македонски имиња. Нивното значење, потекло и толкување!

Ова е прва енциклопедија на македонски имиња во која се дадени објаснувања за потеклото и значењето на имињата кои се употребуваат во Македонија, и покриени се над 90% од сите имиња кои се употребуваат кај Македонците. Книга чија тема која е од интерес за сите луѓе, што ѝ дава универзално значење и ја прави привлечна за најшироката публика. Она што е уникатно за оваа книга, и што претставува еден пионерски исчекор, е поврзувањето на словенските имиња со соодветните имиња на другите јазици, според нивното значење.

About the Book

Во книгата се опфатени 2.000 имиња. За секое име е дадено неговото потекло, зна­чење, и толкување. Значењето, првенствено, се открива етимолошки, според зборот од каде што доаѓа името. Потеклото е дадено во однос на јазикот од кој доаѓа името. Толкување е дадено кај оние имиња чие значење ја надминува буквалната смисла на зборот или зборовите од кои тоа име е составено. Дополнително, за секое име е наведено кога слави именден, односно со кој светител, или со кој новозаветен настан, е тоа поврзано.

Details
Author:
Series: Енциклопедии
Publisher: Книгоиздателство МИ-АН
Publication Year: 2019
Format: А5
ISBN: 9789989191916
List Price: 550 МКД
Endorsements
Објавувањето на книгата „Енциклопедија на македонските имиња“ е битно од повеќе аспекти, покрај недостигот од ваква литература. Прво, таа е сублимат карактеризиран од една разноликост што ги вклучува речиси сите имиња, машки и женски, повеќе и помалку фреквентни, постари и понови, типично словенски и имиња влезени во нашиот јазик карактеристични за други поднебја и како резултат на јазичните квалификации на авторот, но и темелниот истражувачки пристап, се дадени и објаснувањата на нивните значења. Тука доаѓаме до уште една занимливост која ја нуди оваа книга, а тоа е поврзувањето на словенските имиња со нивните пандани во другите јазици – откривањето и обзнанувањето на таа врска е од непроценливо значење од јазичен, историски, книжевен односно културолошки аспект. Во време кога модерните теории сѐ повеќе го изучуваат идентитетот како категорија неделлива од постоењето/дијалогот со Другиот, оваа книга е еклатантен пример за таквото дефинирање и има потенцијал многу да придонесе во иднина во таа насока и кога се зборува за личниот идентитет на поединецот, но и идентитетот како колективна одредница. Понатаму, со имињата застапени во оваа книга, истовремено се застапени и светителите кои ги носат тие имиња што отвора уште една, духовна димензија на оваа книга, што самата по себе, е неизбежна како методолошка постапка имајќи го предвид предметот со кој книгата се занимава, а и традицијата во Македонија што се поврзува со давањето на името, славењто на именденот и значењето што, воопшто, оваа пракса отсекогаш го имала.
– Фросина Пармаковска
About the Author
Архимандрит Иринеј (Стефановски)

Архимандрит Иринеј е роден во Скопје, во 1978 година, каде што завршува општа гимназија и дипломира на Електротехничкиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, во 2002 година. Професионално се занимава со инженерската струка сè до 2007 година, кога се замонашува. Во 2008 година е ракоположен за ѓакон, а во 2009 за свештеник. Истата година е поставен да служи во параклисот „Свети Нектариј Егински“, во Скопје, и таа пастирска должност ја извршува до денес. Во параклисот основа и уредува печатен билтен и други кратки изданија – преводи на богослужбени текстови, како и интернет страница со теолошка содржина. Дипломира на Црковната Академија во Солун, во 2015 година, по што е произведен во чин архимандрит и поставен за настојател на споменатиот параклис. Се занимава со преведување на теолошки текстови од англиски, руски, грчки и српски јазик од 2007 година. Дел од овие преводи се редовно објавувани во црковното списание „Соборност“. Во 2016 ја прилагодува на современ македонски јазик и ја издава книгата „Поука за секој христијанин“ (извадок од „Огледало“) од игуменот Кирил Пејчиновиќ, јубилејно издание по повод 200 години од објавувањето на книгата „Огледало“.