Гонџа од Скопје – светица на сиромашните

Гонџа од Скопје – светица на сиромашните

Ексклузивна биографија на светицата од Скопје Мајка Тереза

Авторката Јасмина Миронски:

„Гонџа Агнеса (Агнес) Бојаџиу од Скопје го посвети својот живот на работата по калливите предградија на Индија и светот, грижејќи се и дарувајќи им љубов на најсиромашните од сиромашните, најзаборавените од заборавените, на најосамените од осамените, и стана Светицата Тереза од Калкута. За необичната скопјанка и за нејзината младост во родниот град многу малку беше напишано за време на нејзиниот живот, што ми беше поттик да започнам со ова истражување, во 90-тите години од минатиот век. Веднаш се соочив со фактот дека не само што недоволно се знае за нејзината младост, туку речиси сите документи за нејзиното семејство биле уништени за време на војните, на поделбите, преселбите, поплавите, како и во катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје (1963). Истовремено, достапните податоците што останале се често непрецизни, контрадикторни и нецелосни. Во времето на моето детство таа беше синоним за нешто добро и хумано иако сосема непознато. Нејзиното име го среќававме од мали, но за нејзината работа и за нејзиниот личен живот не знаевме многу. Повеќегодишните истражувањата во Скопје, а потоа и во Калкута, Индија, за време на престојот на нејзиниот погреб, ми овозможија да приложам една посеопфатна слика и за неа, и за нејзината необична животна определба втемелена во Индија и проширена низ светот.“

About the Book

„Мојата работа тоа сум јас, само тоа е важно“ велела Мајка Тереза, како одговор на прашањата за нејзиното минатото и за потеклото. Во книгава, низ неколкуте поглавја читателите ќе можат да се запознаат со необичното патешествие на Гонџа кое започнало со сонот за определбата кон Бога низ калдрмисаните улици на старото Скопје, сон што ѝ овозможил да стане Мајка Тереза од Калкута ˗ синоним за тоа како сесрдно и безрезервно им се помага на оние на кои помошта им е најмногу потребна. Таа за многумина претставуваше светица уште додека рабо- теше по предградијата на Калкута или Колката како што денес се вика градот, а живееше во согласност со старите канонски правила; побожна, совесна, кревка, едноставна. За поголемиот дел од светот, стана светица на денот кога почина – 5 септември 1997 година. Потврдата за тоа следеше со нејзината беатификација на 19 октомври 2003, а потоа и со нејзиното офи- цијално прогласување за светица односно канонизација на 4 септември 2016 година во Рим. Присуството на овие два настана, проследени и со други придружни манифестации меѓу кои и првата историска посета на папата Франциск на Скопје на почетокот на мај 2018 година ми овозможи да го заокружам нејзиниот земен и вечен живот. На крајот би истакнала дека и покрај низата документи, кажувањата на наследниците од нејзиното семејството во Скопје, на милосрдните сестри во Калкута и во Скопје, како и на моите автентични доживувања од големите настани пов- рзани со нејзиното име, сепак животниот пат на Мајка Тереза ми остава можност за натамошни истражувања и соочувања со нејзините подвизи и непознаници.

Details
Author:
Series: (С)мисла
Publisher: Книгоиздателство Ми-Ан
Publication Year: 2020
ISBN: 9789989191596
List Price: 400 ден.
About the Author
Јасмина Миронски

Новинар, комуниколог, предавач по новинарство и односи со јавност, публицист и автор на книги, соработува со Институтот за Комуникациски стратегии (ИКС) и со Македонксиот институт за медиуми (МИМ). Повеќе од 25 год. била постојан дописник на Агенцијата Франс Прес (АФП) од Париз.
Добитник е на наградата за публицистика на Град Скопје “13 Ноември“ (2001).
Докторирала политички науки, магистрирала Меѓународна економија на Економскиот институт, а дипломирала на Интердисциплинарните студии на новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работела како консултант и ПР експерт за повеќе проекти, како предавач и обучувач, но и подготовка на комуникациски стратегии на владини и невладини институции и организации.
Како новинар работи во радио „Радио Скопје – Втора програма“ (1983-1989), “Нова Македонија“ (1989-2002) известува за сите настани позврани со распадот на бивша Југославија, специјален известувач и воен репортер е од Словенија, ги следи настаните поврзани со сите кризи во регионот. Како специјален известувач на „Нова Македонија“ и Телевизија А1 се јавува од Лондон, (1992) каде работи во билтенот WarReport, како и од Париз (1995-1996) каде е дел од новинарскиот тим во месечникот "Europe".
Телевизиски продуцент е за престижната Worl Wide Television News (WTN) со седиште во Лондон (1992-1997), соработува со Newsweek, CNN, Die Welt, Los Angeles Times, Шведско радио, како и за словенечкиот неделник Telex, хрватскиот Vecernji list, лондонски Тајмс, за американската агенција АП и АПТН, за американскиот Ундарк магазин, и други.
Позначајни публикации на Јасмина Миронски:
„Односи со јавноста и ефективна комуникација“ (2019)
„Како до подобро комуницирање со јавноста“ (2016)
„Подобра комуникација со медиумите“ (2015)
„Вештини за комуницирање и лобирање“ (2014)
„Односи со јавност и медиуми“ (2010)
„Како да комуницирате сo медиумите“ (2003)
„Како да пишувате за печатени медиуми“ (2005).
Уредник и приредувач е на книгата „Верувам во Македонија“ (2014) (говори на претседателот Борис Трајковски) и на "The Road To Effective Community Support (corporate philanthropy guide" (2010), "The Role of the Media in the 2001 Armed Conflict in Macedonia", coauthor (2001)
Автор е на монографијата "Mother Teresa, Citizen of Skopje – Citizen of the World" (1998), и на книгата – „Мајка Тереза -Светилката сеуште гори“, преведена на англиски и на албански јазик.