Меланхолија / Melankoli

Меланхолија / Melankoli

Стихозбирка на македонски и турски јазик за меланхолијата, но и за радоста

Насловната синтагма на новата поетска збирка на Ерол Туфан „Меланхолија“ директно ја посочува авторската интенција да суге-рира состојба на длабока тага. Читателот како со самиот наслов да е предупреден во стиховите што следат да не бара светли нијанси, вед-рина, радосни расположенија... И, се чини, токму тоа го привлекува читателот, зашто секој од нас, понекогаш, чувствува длабока потреба да го сподели меланхоличното расположение, понекогаш и да ја по-вика и да влезе во дијалог со неа. За секој од нас, меланхолијата е нешто друго, секој тоа чувство го доживува поинаку, различно. Ба-рајќи соодветен начин да се опише меланхолијата со која се сретнуваме во стиховите на Ерол Туфан можеби најсоодветно би било да речеме дека тој се доближува до сфаќањата на неоплатонистот Марсилио Фичино, на почетокот на ренесансата. Од него, имено, потек-нува ставот, широко раширен во тоа време, а чии одгласи уште ги чувствувавме, дека меланхолијата е неодминлив, па дури и задолжи-телен атрибут на секој кој има интелектуални или уметнички претензии.

About the Book

Меланхолијата на Туфан предизвикана од чувството на недостаток заради преселба не е без своевидно решение. Нејзина карактеристика е дека таа не е апсолутно црна. Таа е оксиморонски поставена, па ваквата тага е продуктивна и, на еден своевиден начин, оптимис-тичка. Таа е врзана за душата, таму длабоко е закопана, додека телото, како непостојана материја е неважна. Во оваа дијада тело-душа, Ерол вметнува трет елемент – духот, кој како да ја релативизира идејата за зла коб на судбината поврзана со миграциите и посочува на можноста поетот, токму заради таа судбинска одреденост, да се доживее како номадскиот субјект предаден на играта. Mеланхолијата која е неопходна за самоидентификација кај Ерол Туфан неминовно се поврзува со поетскиот дискурс како врвен (често – единствен) начин да се справи и со своите внатрешни растргнатости и со контроверзите на надворешниот свет и со номадизмот, како начин да се надмине тагата .

Details
Author: Ерол Туфан
Series: Стих
Genre: Поезија
Publisher: Книгоиздателство Ми-Ан
Publication Year: 2020
Format: A5
ISBN: 9789989191510
List Price: 300 ден.
Се чини дека она што судбински го одредува е миграцијата, авторовата распнатост меѓу два хронотопа, меѓу две (во нешта блиски, во нешта многу различни) култури. Имено Ерол Туфан е Турчин роден во Македонија каде го поминува детството и дел од младоста, тоа е татковината на неговата младост, за подоцна да се пресели во Турција, татковината на неговите корени. Кај Туфан меланхолијата не произлегува од тешкотиите при адаптација во новата татковина или од сознанието дека никогаш не си свој на свое, како што тоа е случај кај многумина мигранти кои ги напуштаат своите татковини од економски причини или заради војна, туку од чувството на неминовен недостаток од нештата кои ги чувствува свои. За Туфан Македонија е синоним за младоста, па сликите кои го доловуваат меланхоличното навраќање кон младоста и кон местата на таа младост, се уверливи, исполнети со емпатија и приврзаност кон нешто што одминало, како што се уверливи и нивните споредби со сегашноста и со одредниците на сегашноста. Овие поетски слики не соодветствуваат на меланхоличната расположба на уметникот за која Роберт Бартон пишуваше уште во 17. век, дефинирајќи ја улогата на меланхолијата во литературата. Кај Туфан, тоа е сеприсутна, постојано присутна, поделеност меѓу таму и тука, меѓу тогаш и сега. Тоа е начин на живот во кој меланхолијата предизвикува нова меланхолија. На тој начин, кругот се затвора.
– Мишел Павловски
Ерол Туфан

Роден е 1959 во Гостивар- Македонија. Во 1992 година се иселил во Турција.Студирал право во Скопје на УКИМ и во Коња на Селчук Универзитетот. Од 1999 е самостоен адвокат во Истанбул. Поет, есеист и преведувач. Пишува и објавува на македонски, турски и српски јазик. Во 2006 година во Скопје ја објавил книгата есеи „Книгољубецот“ која доживува второ издание во 2011 година. Истата е објавена под ист наслов и во Белград во 2017 година. Поетските книги „Балкански син“ (2013) и „Камчето од Вардар“ (2016) објавени се во Скопје, додека пак нивната синтеза под наслов „Ерол трагом Ерола“ е објавена во 2016 во Белград. Во 2020 во Скопје објавил книга есеизирани поетизации насловени „Несоници“. Член е на ДПМ, УКС и ТАЛ.