Снежана Стојчевска

Родена 1980 година во Скопје. Дипломира на Инситутот за Педагогија при Филозофскиот Факултет во Скопје. Во 2012 ја објавува првата поетска книга „Шеќер по подот“ во издание на ИЛИ ИЛИ, како дел од едицијата Русалки во која се јавува како уредник. „Под нулата“ е нејзино второ дело, за кое ја добива наградата „Бели Мугри“ за 2013 година, што ја доделува Домот на културата Кочо Рацин Скопје. Во 2015 година ја објави третата поетска книга „Модри фантазии“ во издание на издавачката куќа Темплум. Нејзината последна книга „Треба да е лесно“ излезе во мај 2017 година во издание на издавачката куќа Антолог, а беше промовирана на BookStar 2017 – фестивал за европска литература.
Од од 2012 до 2013 година беше активна како уредник на радио емисијата за поезија: „Песни, приказни и сон“ на канал 103, кадешто ја претставуваше поезијата на својата генерација. Исто така беше организатор и учесник на работилницата за книжевност: Креативен викенд во Лазарополе „Кратки книжевни форми“ (октомври 2012, 2014)
Застапена е во повеќе антологии на млада македонска поезија

Ќе се завијам во песни

Ќе се завијам во песни

300 ден.

Откривајќи ја сопствената душа, поезијата на Стојчевска ќе ве натера да ѕирнете во сопствената душа, да се сетите на сопствените блиски, без оглед дали се тие тука со вас или некаде далеку, во некоја друга димензија.

More info →