Симеон Јанков

Симеон Јанков е роден во Скопје, 1981 г. Дипломирал на Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Аматерски се занимава со проучување на словенската митологија и корените на индоевропските јазици. Живее во Скопје и работи како преведувач од англиски и руски на српски и македонски.

Црна шума

Црна шума

300 ден.

Во последната деценија, во македонската литература се појави бран на млади автори кои важат за вистинско освежување на нашата книжевна сцена. И покрај тоа што се работи за млади автори, квалитетот кој тие го понудија беше една од клучните работи за нивниот успех и кај книжевните критичари и кај читателската публика. Романот „Црна шума“ од младиот писател Симеон Јанков претставува продолжение на овој тренд, а воедно и потврда за тоа дека нашата книжевна сцена има млади имиња на кои треба да им се даде шанса затоа што токму тие се нејзината иднина.

More info →