Симона Груевска-Маџоска

Симона Груевска-Маџоска е родена на 10.12.1967 година во Скопје. На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, група Македонски јазик и историја на книжевноста, се запишала во учебната 1986/87 година и дипломирала во 1990 година. Магистерскиот труд со наслов „Лексиката и стилот во делата на Живко Чинго“ го одбранила во 1997 година, а во 2006 година ја одбранила докторската дисертација „Лексичка синонимија во македонскиот стандарден јазик“.
Од септември 1998 година е избрана во звањето асистент-истражувач на Одделението за лексикологија и лексикографија во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во 2006 година е избрана во звањето виш научен соработник, а во 2012 во звањето научен советник/редовен професор.
Учествувала на следните научни проекти: „Речник на македонската народна поезија“ (соработник), „Интенцијално-синтаксички речник на македонските глаголи“ (соработник), „Толковен речник на македонскиот јазик“ (соработник), „Речник на синоними во македонскиот јазик“ (главен истражувач) „Јазичното планирање и јазичните политики во Република Македонија“ (соработник), „Правопис на македонскиот јазик“ (член на Редакцијата).
Автор е на повеќе статии од областа на лексикологијата, стилистиката и социолингвистиката, Во 2009 година, излезе од печат нејзиниот монографски труд „Лексичка синонимија во македонскиот стандарден јазик“ (рецензенти: проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова и проф. д-р Кирил Конески), а во 2010 година „Социолингвистички огледи“ (рецензенти: проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Томислав Треневски).

Лексикологија на македонскиот јазик

Лексикологија на македонскиот јазик

600 ден.

Симона Груевска Маџоска е авторката на првата книга посветена на лексикологијата на македонскиот јазик. Со ова издание, авторката и Книгоиздателството Ми-Ан ја пополнуваат долгогодишната празнина во македонската лингвистика. Книгата е наменета за стручната јавност, но таа ќе биде корисна и нужна и за сите оние кои се интересираат за македонскиот јазик и лингвистиката воопшто.

More info →