Марина Мијаковска

Родена е во Скопје во 1984 година. Таа пишува поезија, проза, есеистика, литературна критика и научни трудови. Дипломирала и магистрирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Таа е доктор на филолошки науки. Во декември 2017 година на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје ја одбранила докторската дисертација Écriture féminine и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот. Мијаковска од 2013 година е членка на Друштво на писателите на Македонија. Taa учествувала на многу меѓународни книжевни манифестации во земјава и во странство. Мијаковска се стекнала со неколку книжевни награди во земјава и во странство: „Специјална награда за литературно творештво со високо уметничко ниво со ценети и трајни поетски вредности“ на „Поетски вечери во Корча“ (2012); „Караманов“ (2013); „Македонска книжевна авангарда“ (2013); „Крсте Чачански“ (2014); „Бели мугри“ (2015) и награда „Даница Ручигај“ при Друштво на писателите на Македонија (2019). Марина Мијаковска учествува на научни конференции, предава на работилници за креативно пишување и е водител на книжевни манифестации.

Библиографија
Стихозбирки за возрасни: „Номадска душа“ (2010); „Куфери“ (2013); „Психоаналитичка алхемија од страсти“ (2013); „Тиркиз во лето“ (2015); „Постела на тишината“ (2015) и „Коскена“ (2019).
Стихозбирки за деца: „Новогодишни детски песни“ (2017).
Книги со раскази: „Куќички“ (2014).
Есеистички и научни книги: „Жанровски полимер: Сандаче од ракописи во обид“ (2016) и
„Модели на родовата идентификација“ (2018)
Аудио книги: „Психоаналитичка алхемија од страсти“ (2018)

Еcriture fеminine и романот

Еcriture fеminine и романот

300 ден.

Во Écriture féminine и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот, дадена е нова перспектива во книжевно-теориското истражување на женското писмо и романот како книжевен жанр. Целта на книгата е да се разгледа пристапот на жените до романот. Тука за првпат се изделени модели на женско писмо во роман како посебни феминистички модели на текст. Темата се однесува на женското творештво. До XVIII век женското творештво е покриено со плаштот на вековната тишина. Во XIX и XX век можеме да говориме за појавата на првите романи на писателките. Во романот како жанр со слободни контури, писателките можат најлесно и најдобро да се изразат себе си и да ја прикажат стварноста. Зошто постои женското писмо? Женското писмо постои затоа што постои женската субјективност. Женскиот субјект пишува преку телото.

More info →