Маја Стевановиќ

Маја Стевановиќ е родена во 1969 во Скопје. Во 1991 дипломирала на одделот Драматургија-режија, насока Драматургија на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Во 2011 се стекнува со звањето Магистар по филозофски науки, насока Естетика на Институтот за филозофија при Филозофскот факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 2003 работи како асистент на ФДУ-Скопје, на предметите Драматургија и Филмско и ТВ сценарио, од 2016 е редовен професор по Драматургија, а од 2019 година е и раководител на катедрата по Театарска и филмска драматургија. Од 1992 до 2003 работела како драматург, уредник на емисии и уредник на Редакцијата за играна програма на МТВ. Драматург е на бројни играни телевизиски филмови и серии.
Автор на сценаријата „Кралицата на пеперутките“ (среднометражен филм) и „Салон Хармони“ (ТВ серија од десет епизоди); на драмските текстови „На трите вечери“, „Смртта на Питија“, „Децата на Лилит“, „Сликата на Софија“, и „Систем ерор“. Драматург на редица театарски престави.

Драми

Драми

350 ден.

Во книгата се застапени драмите „На трите вечери“, „Смртта на Питија“, и „Децата на Лилит“.

More info →