Катерина Гогова

Катерина Гогова е родена 1989 година во Дојран. Пишува поезија и кратка проза. Нејзината дебитантска поетска збирка во издание на „Современост“ од 2018 го¬ди¬на носи наслов „Актите се кастрирани“. „Пад во не¬мирна вода“ е нејзината втора поетска книга и со неа ста-нува де¬сет¬тиот носител на признанието „Бели мугри“ за 2018 година кое го доделува Дом на културата “Кочо Ра¬цин“ во Скопје.
Со избор поезија е застапена во антологиската збирка „Мет¬рички карван“ (ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“-Гев¬ге¬лија, 2017, 2018, 2019, 2020), нејзина поезија е објавена и во зборникот „Креативни точки“ (МИ-АН, 2018), во мо¬но¬графијата „Астални проекции (Бегемот, 2018)“, во гра¬фичката арт панорама „Допир“ (ЗЛУКР Арт Еквилибриум, 2019), и во други фестивалски изданија.
Нејзина поезија и кратка проза е објавена во „Совре¬меност – спи-сание за литература, култура и уметност“, во списанието „Раст“, во списанието „Современи дијалози“, во списанието „Зенит“, во списа-нието „Книжевни елемен¬ти“ и во други пишувани и онлајн едито-ријали.
Дел од нејзината поезија е преведена на српски, хрватски, слове-нечки, бугарски, албански, италијански, германски и англиски. Српс-ки превод од нејзина поезија и кратка проза е објавен во 41-то изда-ние на зборникот „Рукописи“-Панчево (Дом на млади Панчево, 2018), со поезија во препев на словенечки е објавена во „Непар“, двојази-чен антологиски избор на свежа македонска литература (Македонско културно друштво Македонија-Љубљана, 2019), со поезија во албански препев е застапена во фестивалската антологиската збирка „Денови на Наим“ (2019) и со препев на германски во австриското списание „Литература и критика“ (2020).
Работи препеви поезија од српски, хрватски и англиски на маке-донски јазик.
Живее и работи во Скопје. Активист е за човекови, здравствени и сексуални права на маргинализирани заедници.

Сонцестој

Сонцестој

300 ден.

Сонцето како појдовна, но и централна тема во оваа книга е всушност инструмент со кој се мери течението на вре¬мето. Дуалната природа на сонцето и спрегата на спротивставени енергии што во себе ги носи се две страни на ед¬на паричка, денот и ноќта, зората и залезот, животот и смртта, црното и белото, јин и јанг итн. Веднаш може да се насети сензибилитетот на нејзината поезија, лирична, нежна, медитативна, во исконски склад со природата, длабо¬ка, иск-рена и свежа.

More info →