
Архимандрит Иринеј е роден во Скопје, во 1978 година, каде што завршува општа гимназија и дипломира на Електротехничкиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, во 2002 година. Професионално се занимава со инженерската струка сè до 2007 година, кога се замонашува. Во 2008 година е ракоположен за ѓакон, а во 2009 за свештеник. Истата година е поставен да служи во параклисот „Свети Нектариј Егински“, во Скопје, и таа пастирска должност ја извршува до денес. Во параклисот основа и уредува печатен билтен и други кратки изданија – преводи на богослужбени текстови, како и интернет страница со теолошка содржина. Дипломира на Црковната Академија во Солун, во 2015 година, по што е произведен во чин архимандрит и поставен за настојател на споменатиот параклис. Се занимава со преведување на теолошки текстови од англиски, руски, грчки и српски јазик од 2007 година. Дел од овие преводи се редовно објавувани во црковното списание „Соборност“. Во 2016 ја прилагодува на современ македонски јазик и ја издава книгата „Поука за секој христијанин“ (извадок од „Огледало“) од игуменот Кирил Пејчиновиќ, јубилејно издание по повод 200 години од објавувањето на книгата „Огледало“.
Енциклопедија на македонски имиња
Ова е прва енциклопедија на македонски имиња во која се дадени објаснувања за потеклото и значењето на имињата кои се употребуваат во Македонија, и покриени се над 90% од сите имиња кои се употребуваат кај Македонците. Книга чија тема која е од интерес за сите луѓе, што ѝ дава универзално значење и ја прави привлечна за најшироката публика. Она што е уникатно за оваа книга, и што претставува еден пионерски исчекор, е поврзувањето на словенските имиња со соодветните имиња на другите јазици, според нивното значење.
More info →