Ерол Туфан

Роден е 1959 во Гостивар- Македонија. Во 1992 година се иселил во Турција.Студирал право во Скопје на УКИМ и во Коња на Селчук Универзитетот. Од 1999 е самостоен адвокат во Истанбул. Поет, есеист и преведувач. Пишува и објавува на македонски, турски и српски јазик. Во 2006 година во Скопје ја објавил книгата есеи „Книгољубецот“ која доживува второ издание во 2011 година. Истата е објавена под ист наслов и во Белград во 2017 година. Поетските книги „Балкански син“ (2013) и „Камчето од Вардар“ (2016) објавени се во Скопје, додека пак нивната синтеза под наслов „Ерол трагом Ерола“ е објавена во 2016 во Белград. Во 2020 во Скопје објавил книга есеизирани поетизации насловени „Несоници“. Член е на ДПМ, УКС и ТАЛ.

Меланхолија / Melankoli

Меланхолија / Melankoli

300 ден.

Насловната синтагма на новата поетска збирка на Ерол Туфан „Меланхолија“ директно ја посочува авторската интенција да суге-рира состојба на длабока тага. Читателот како со самиот наслов да е предупреден во стиховите што следат да не бара светли нијанси, вед-рина, радосни расположенија... И, се чини, токму тоа го привлекува читателот, зашто секој од нас, понекогаш, чувствува длабока потреба да го сподели меланхоличното расположение, понекогаш и да ја по-вика и да влезе во дијалог со неа. За секој од нас, меланхолијата е нешто друго, секој тоа чувство го доживува поинаку, различно. Ба-рајќи соодветен начин да се опише меланхолијата со која се сретнуваме во стиховите на Ерол Туфан можеби најсоодветно би било да речеме дека тој се доближува до сфаќањата на неоплатонистот Марсилио Фичино, на почетокот на ренесансата. Од него, имено, потек-нува ставот, широко раширен во тоа време, а чии одгласи уште ги чувствувавме, дека меланхолијата е неодминлив, па дури и задолжи-телен атрибут на секој кој има интелектуални или уметнички претензии.

More info →