Емил Ниами

Емил Ниами, доктор по филолошки науки. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на групата за руски јазик и книжевност во 1999 година. Активно се занимава со преведувањето и тоа како од руски, така и од англиски и од италијански јазик. Има преведено голем број играни и сериски филмови, документарна програма, вести, како и голем број симултани и консекутивни преводи. Во 2007 година ја одбранил магистерската теза „Паронимите во македонскиот во споредба со рускиот јазик“ (ментор д-р Красимира Илиевска). Неговите научни интереси се насочени кон лексикологијата, лексикографијата и контрастивната анализа.

Речник на антонимите во македонскиот јазик

Речник на антонимите во македонскиот јазик

600 ден.

Кога теоријата ќе треба да се спроведе во практика, особено при лексикографска работа, доаѓа најтешкиот дел од задачата. Како да се решат разни поединечни случаи? До која мера ќе се оди со противположеност на значењето? И многу други тешки прашања. Тоа е навистина компликувана задача, која авторот Емил Ниами успешно ја решил во овој речник на повеќе од 200 страници со опфатени околу  450 (446) антонимски парови подредени по азбучен редослед. Во предговорот авторот ја објаснува методологијата на изработката и ги дава изворите од кои е ексцерпирана лексичката граѓа, а тоа се околу 200 дела на македонски автори, публицистика, блогови, телевизиски емисии итн.

More info →
Речник на паронимите во македонскиот јазик

Речник на паронимите во македонскиот јазик

500 ден.

Паронимите се формално слични зборови во пишувањето и во изговорот, но со различно значење. Токму затоа, во македонската јазична практика многу често се јавуваат грешки во нивната употреба. Затоа, Книгоиздателството Ми-Ан е гордо што може да каже дека го објавува првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик. Во Речникот се обработени пароними кои се зборови со општа употреба, како и термини  од повеќе научни области: алгебра, анатомија, архитектура, банкарство, биологија, географија, граматика, економија, лингвистика, логика, медицина, музика, политика и др. Паронимите се подредени по азбучен ред, со објаснување на значењето на секој збор и со примери за нивна употреба во одделни фрази или реченици.

More info →