
Ана Мартиноска (Скопје, 1972) е професорка и научничка во областа на фолклорот, литературата и културата, колумнистка на родови и културолошки теми, феминистка. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Од 1996 год. д-р Мартиноска е вработена во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на работното место научна советничка/редовна професорка. Во моментов е Претседателка е на Научниот совет на Институтот за македонска литература во втор мандат. Предава на постдипломските и докторските културолошки студии во книжевноста при матичната институција. Учествувала со самостојни прилози во бројни национални и меѓународни научно-истражувачки проекти, како и на голем број научни конференции и симпозиуми. Реализирала повеќе научни и стручни престои, од кои се издвојува докторскиот престој на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија во 2004.
Ко-уредник е на Зборниците: „Популарна култура-Поглед одозола/Popular Culture: Reading from Below“ (2016) и „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“ (2019) заедно со Маја Јакимовска-Тошиќ. Има објавено и стотина самостојни научни трудови во стручната и научна периодична литература во земјата и во странство, како и над двесте колумни на културолошки и родови теми.
Мартиноска била главна и одговорна уредничка на Институтското списание за литературна наука „Спектар“ (2013-14). Била членка на редакцијата на електронското списание „Блесок“ (2012-18).
Членка е на Друштвото на писатели на Македонија, Здружението за компаративна книжевност на Македонија и на Меѓународната асоцијација за компаративна литература.
(И)стории од долапот
Изданието „(И)стории од долапот: избор од македонската народна еротика“ е уште едно навраќање на темата за еротиката во македонскиот фолклор, за која сум пишувала во повеќе прилики досега. Важно е уште на почетокот да се каже дека тоа директно се надоврзува и во извесна мера претставува дополнета и проширена варијанта на книгата „Голиот на гости (Антологија на маке-донскиот еротски фолклор)“ (Ми-Ан, Скопје, 2007)
More info →