Сонцестој

Сонцестој

Исклучителен поетски ракопис со уникатен наслов

Сонцето како појдовна, но и централна тема во оваа книга е всушност инструмент со кој се мери течението на вре¬мето. Дуалната природа на сонцето и спрегата на спротивставени енергии што во себе ги носи се две страни на ед¬на паричка, денот и ноќта, зората и залезот, животот и смртта, црното и белото, јин и јанг итн. Веднаш може да се насети сензибилитетот на нејзината поезија, лирична, нежна, медитативна, во исконски склад со природата, длабо¬ка, иск-рена и свежа.

About the Book

Ако првата книга на Катерина Гогова „Актите се кастрирани“ е олицетворение на огнот, а втората книга „Пад во немирна вода“ олицетворение на водата, то-гаш „Сонцестој“ е воздух, небо на кое сонцето изгрева и заоѓа. Нејзи-ните стихови се во склад со природата, промената на годишните времиња и природните елементи.
Кога ќе го погледнете насловот и поднасловите ќе добиете впе-чаток дека во двата дела се работи за две потполно различни емоции, но напротив, при читањето може да насетиме дека темнината преов-ладува низ целата книга. Ако внимателно се погледне насловот на вториот дел сосем прецизно тоа и го навестува, дека е копнеж по полноќно сонце, за најдолгиот ден. Во својата песна „При¬видна да-лечина“ ќе напише: /Далеку сум од сè/ што може да се нарече свет-лина,/ во овие пресушени дланки/ мирува спокојот/ со кој светот го врти/ последниот круг околу сонцето./, додека пак во песната „Одбо-лувај“ ќе не соочи со стиховите /Крв, гној и пот,/ во нова верба се колне небото,/ ти, близнак на месецот,/ посестра на сонцето,/ носиш едно чудо светлост/ помеѓу зората и самракот./. Ова може да се про-толкува како продолжение на оној вековен копнеж на Рацин со кој растевме и живееме, изнедрен во стиховите /Се к‘ти ноќта црна!/ се рути карпа – мрак!/ и петли в село пејат/ и зората се зори – / над карпа в крв се мие/ и темнината пие/ Силно/ светнал/ ден!/. Копне-жот за тој ден што силно ќе светне интуитивно го чувствуваме и сега, еден век подоцна.
Темнината и меланхолијата која преовладува во книгата може да се поврзе и со периодот во кој песните се пишувани. Оваа 2020 годи-на ќе биде запаметена како година на пандемија. Тоа може да се по-чувствува во следните стихови /Оваа тажна година,/ без топлина, без заборав,/ мирно патува кон вечноста./ Моите стихови, пророци,/ на вистината наследници,/ ги чекам пак/ да ми дојдат/ штом зазори./ (Зора), но и во не помалку интензивните стихови /Времето безна-дежно по мене паѓа,/ се раѓа ново тело/ и утробата на светот/ со лес-нотија воздивнува./ (Меланхолија).

Details
Author: Катерина Гогова
Series: Стих
Genre: Поезија
Publisher: Книгоиздателство Ми-Ан
Publication Year: 2021
ISBN: 9789989191688
List Price: 300 ден.
Гогова со оваа книга докажува дека веќе е зрел, из¬граден и пре-познатлив поетски глас. Континуитетот на неј¬зи¬ниот поетски израз доживува градација и се развива во нагорна линија на квалитет и мајсторлук на поетскиот занает, што го прави читањето на нејзините книги вистинско поетско уживање.
– Снежана Стојчевска
Book Club Resources
Катерина Гогова

Катерина Гогова е родена 1989 година во Дојран. Пишува поезија и кратка проза. Нејзината дебитантска поетска збирка во издание на „Современост“ од 2018 го¬ди¬на носи наслов „Актите се кастрирани“. „Пад во не¬мирна вода“ е нејзината втора поетска книга и со неа ста-нува де¬сет¬тиот носител на признанието „Бели мугри“ за 2018 година кое го доделува Дом на културата “Кочо Ра¬цин“ во Скопје.
Со избор поезија е застапена во антологиската збирка „Мет¬рички карван“ (ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“-Гев¬ге¬лија, 2017, 2018, 2019, 2020), нејзина поезија е објавена и во зборникот „Креативни точки“ (МИ-АН, 2018), во мо¬но¬графијата „Астални проекции (Бегемот, 2018)“, во гра¬фичката арт панорама „Допир“ (ЗЛУКР Арт Еквилибриум, 2019), и во други фестивалски изданија.
Нејзина поезија и кратка проза е објавена во „Совре¬меност - спи-сание за литература, култура и уметност“, во списанието „Раст“, во списанието „Современи дијалози“, во списанието „Зенит“, во списа-нието „Книжевни елемен¬ти“ и во други пишувани и онлајн едито-ријали.
Дел од нејзината поезија е преведена на српски, хрватски, слове-нечки, бугарски, албански, италијански, германски и англиски. Српс-ки превод од нејзина поезија и кратка проза е објавен во 41-то изда-ние на зборникот „Рукописи“-Панчево (Дом на млади Панчево, 2018), со поезија во препев на словенечки е објавена во „Непар“, двојази-чен антологиски избор на свежа македонска литература (Македонско културно друштво Македонија-Љубљана, 2019), со поезија во албански препев е застапена во фестивалската антологиската збирка „Денови на Наим“ (2019) и со препев на германски во австриското списание „Литература и критика“ (2020).
Работи препеви поезија од српски, хрватски и англиски на маке-донски јазик.
Живее и работи во Скопје. Активист е за човекови, здравствени и сексуални права на маргинализирани заедници.