
Стихозбирка на македонски и турски јазик за меланхолијата, но и за радоста
Насловната синтагма на новата поетска збирка на Ерол Туфан „Меланхолија“ директно ја посочува авторската интенција да суге-рира состојба на длабока тага. Читателот како со самиот наслов да е предупреден во стиховите што следат да не бара светли нијанси, вед-рина, радосни расположенија... И, се чини, токму тоа го привлекува читателот, зашто секој од нас, понекогаш, чувствува длабока потреба да го сподели меланхоличното расположение, понекогаш и да ја по-вика и да влезе во дијалог со неа. За секој од нас, меланхолијата е нешто друго, секој тоа чувство го доживува поинаку, различно. Ба-рајќи соодветен начин да се опише меланхолијата со која се сретнуваме во стиховите на Ерол Туфан можеби најсоодветно би било да речеме дека тој се доближува до сфаќањата на неоплатонистот Марсилио Фичино, на почетокот на ренесансата. Од него, имено, потек-нува ставот, широко раширен во тоа време, а чии одгласи уште ги чувствувавме, дека меланхолијата е неодминлив, па дури и задолжи-телен атрибут на секој кој има интелектуални или уметнички претензии.
Меланхолијата на Туфан предизвикана од чувството на недостаток заради преселба не е без своевидно решение. Нејзина карактеристика е дека таа не е апсолутно црна. Таа е оксиморонски поставена, па ваквата тага е продуктивна и, на еден своевиден начин, оптимис-тичка. Таа е врзана за душата, таму длабоко е закопана, додека телото, како непостојана материја е неважна. Во оваа дијада тело-душа, Ерол вметнува трет елемент – духот, кој како да ја релативизира идејата за зла коб на судбината поврзана со миграциите и посочува на можноста поетот, токму заради таа судбинска одреденост, да се доживее како номадскиот субјект предаден на играта. Mеланхолијата која е неопходна за самоидентификација кај Ерол Туфан неминовно се поврзува со поетскиот дискурс како врвен (често – единствен) начин да се справи и со своите внатрешни растргнатости и со контроверзите на надворешниот свет и со номадизмот, како начин да се надмине тагата .