Uncategorized

Милена Илиевска: Песна

Клуч и клучалка Само за потсетување дека дневникот секогаш мора да има клуч, И тој клуч се вклопува само во една клучалка и ништо повеќе. Само тој може да ја отвори, Да ја затвори, Да ја замолчи… Само тоа вклопување е љубовно танго, Преплетени прсти под полна месечина И разулавен водопад од разбушавена фризура, Црвен кармин – потпис на чашата …

Read More »

Оливера Ќорвезировска: Расказ

Поправка Живеевме во две соби и во два јазика. Јас и маж ми во еден, речиси заеднички, децата во друг, знаен јазик само за нив. Ние го разбиравме нивниот, ама не го користевме. Тие го користеа нашиот, ама не го разбираа. Нашата соба беше најмала, а со најголем кревет. Нивната беше совршено чиста и практична, со смерни кревети на извлекување. …

Read More »

Снежана Стојчевска: Песни

Генетика Гените се боженствена работа им се восхитувам на прецизноста секој пат кога ќе ја погледнам внука ми како да се гледам во огледало од минатото. Не можам да ја карам, имам чудно чувство како да се карам себеси мала. Не можам да не бидам милна со баба ми. Убава си и велам на одење и ја бакнувам во образот. …

Read More »

Небојша Стојаноски: Песна

Чистење Сите светли денови и сите љубени изгубени се во неповрат потонати во една нечиста тоалетна шолја и само ја повлекувам рачката од казанчето за да ги истерам сите нечистотии за да ги избришам и заборавам сите поминати јадови и градови. Сите мои борби се ни добиени ни изгубени, само знам дека малку по малку ја губам душата која и …

Read More »

Давор Стојановски: Исечок

Исечок од романот Ненасловена месечева соната Сандра го погали Јон по мократа коса, а лицето ѝ се засенчи со убава тага. Вилиците му трепереа, забите му ѕвечеа, мускулите му подигруваа, но се чинеше дека само погледот му беше смирен и сталожен. Однадвор допре виеж на мразулците, а неколку изѕемнати улични кучиња лаеја по небото. Во креветот постоеше шепот и прамен …

Read More »

Марта Маркоска: Песни

НИКОЈ НЕ МОЖЕ ОД СЕБЕ ДА СЕ СПАСИ Ти си борец за човекови права а јас, само за своите… А како би била за туѓите кога пред очи две врапчиња зграпчија недолжен скакулец А јас неодлучно гледајќи дали да му помогнам си реков – таков е законот на природата Ако го спасев скакулчето ќе ги изгладнев пилињата кои можеби имаа …

Read More »

Калина Малеска: Расказ

Нечовечкиот антагонист Мирон Арониевски седна пред својот лаптоп и го отвори документот за превод. Никогаш немаше некој особен став кон текстовите што ги преведуваше – без разлика дали му беа интересни или не: според едноличното чукање по тастатурата и изразот на неговото лице – никој не би можел да погоди дали ужива во она што го чита или му е …

Read More »

Томислав Каранфиловски: Песни

Ќеиф Често, стариците клошарки од моето маало сонуваат дека водат љубов облечени во розеви чорапи. Веднаш по чинот на спојување, Ги соблекуваат чорапите И се облекуваат до гуша Смрзнати од студ. Тогаш се будат. Имаат сè на себе, само не розеви чорапи. Се случува, некогаш, некои од нив Да бидат најдени, по неколку денови Од смртта, голи, а сосема среќни …

Read More »

Ѓоко Здравески: Песна

кој сум и кој сакам да бидам однатре: вриштам по тебе! во мене деца фрлаат петарди од терасите. во мене прштат панаѓурски огномети. се вртат рингишпили и балерини прават пируети. цели јата папагали прелетуваат низ мене. во мене цели универзуми се судираат и од нивните експлозии се раѓаат нови и нови бои што моите очи не ги препознаваат. во мене …

Read More »

Ана Голејшка: Песни

Човек ќе се роди ќе му дадат име ќе го заковаат за некакви одредници географски бројчани ќе му кажат – верувај во ова не верувај во она мрази го секој што не е како тебе сакај го ближниот свој Ќе се роди и ќе умре, чекајќи некое ново небо безгранично топло како првата прегратка на Мајката Земја Ќе се родиш …

Read More »