Трета годишна меѓународна конференција на ЦККС 2015
“Идентитет и култура”
3-5 септември 2015, Скопје
Краен рок за пријавување: 15 март 2015 година
Краен рок за испраќање на прифатените текстови: 15 декември 2015
Центарот за култура и културолошки студии ја организира Третата годишна меѓународна конференција на ЦККС 2015: “Идентитет и култура”.
Концептите за културата и идентитетот до сега се разгледувани од различни перспективи. Сепак, во 21. век, светот брзо се менува, а сите овие концепти се преиспитуваат и бараат нови академски пристапи.
Поимите култура и идентитет, сами по себе, се широки и сложени. Тие имаат различни, често и спротивставени, значења.Конференцијата има за цел: 1) да се овозможи подобро разбирање на процесите на градење на идентитетот, како индивидуален така и колективен; 2) да расветли интеракцијата помеѓу културата и идентитет; 3) подобро да се разбере улогата на културата во формирањето на идентитетот, неговиот развој, интеграцијата и асимилацијата. Конференцијата се стреми да биде интердисциплинарен форум на кој ќе се презентираат новите пробиви и истражувачките резултати на полето на идентитетот и културата. На тој начин, со Конференцијата сакаме да ги нагласиме длабочината и комплексноста на идентитетските процеси, презентирани од перспективите на различни дисциплини, теоретски школи и емпириски пристапи.
Во таа смисла, добредојдени се истражувања кои придонесуваат кон расветлување на улогата на јазичните, општествените, психолошките, политичките, уметничките, религиозните, економските и др. фактори во градењето на идентитетите, со посебен акцент на историските контексти. На конференцијата се добродојдени и трудови кои се занимаваат со теоретските аспекти на градењето на идентитетите и трудови кои изнесуваат студии на случај или се посветуваат на толкување/промислување на културни производи кои учествуваат во обликувањето на идентитетите.
Културата е дефинирачка карактеристика за личниот идентитет и придонесува за формирање на сликата за себеси и за идентификација на Другите. Бидејќи културата не секогаш делува на свесно рамниште, понекогаш не се видливи начините на кои таа ги обликува нашите лични и колективни идентитети. Меѓутоа, со промислување на културата ние почнуваме да ги идентификуваме аспектите кои ги обликуваат нашите верувања и однесувања. Индивидуалните карактеристики, како што се пол, возрасна група, интелектуални способности итн., во релација со културните и субкултурните фактори како што се: класа, образование, религија, професија… го произведуваат нашиот идентитет. Од друга страна, националниот идентитет е од огромна важност и луѓето се подготвени да умрат за своите нации. Истото важи и за религиозните верувања, па луѓето се подготвени да се жртвуваат, а понекогаш дури и да ги дискриминираат другите поради нивните религиозни идентитети. Европскиот идентитет е прашање за кое се дебатира уште од самото основање на ЕУ. Во повеќејазичните општества, одржувањето на јазиците на различните етнички и културни групи е од суштинско значење за зачувување на нивното културното наследство и на нивниот идентитет. Губење на јазикот значи губење на таа култура и тој идентитет. Поимот на идентитет често завршува во стереотипи и исклучување на оние кои имаат различните идентитети.
Без оглед на пристапот, се чини дека секогаш се поставува истото прашање: Зошто идентитети и идентификациите се толку важни? Покрај ова, се поставуваат и прашањата: Што претставува идентитетот? Каков е односот меѓу културата и идентитетот? Како културата го определува идентитетот? Дали идентитетот се одразува во културата? Кои се внатрешните, а кои надворешните фактори кои го определуваат идентитетот? Што ги формира индивидуалнните, а што колективните идентитети? Како функционираат идентитетските процеси? Дали идентитетот е биолошки детерминиран или е конструиран? Дали е стабилен, фиксиран и константен или може само привремено да се стабилизира? Зошто сѐ почесто зборуваме за идентитети (во множина), а не за идентитет (во еднина)? Како етничките групи го штитат својот идентитет од промени? Која е улогата на медиумите во идентитетските процеси? итн. Конференцијата се стреми да ги истражи заемните релации меѓу идентитетот и културата, да придонесе за разбирање на бројните фактори кои влијаат на формирањето на личните и колективните идентитети и да придонесе во нивното расветлување или реосмислување.
Оттука, на Конференцијата се добредојдени истражувачи со различни концептуализации на идентитетот.
Tемите можат да вклучуваат, но не се ограничени, на следниве области:
Културата и личниот идентитет: Идентитетот и себеконструирањето; Психологијата и идентитетот; Личните карактеристики и идентитетот; Начини на конструирање на личниот идентитет; Емоциите и однесувањето; Начините на однесување и идентитетот; Идентитетските процеси во интерперсоналните односи; Родот и идентитетот; Трансородовото искуство и идентитетот; Телото и идентитетот; Инвалидноста и идентитетот;
Културата и колективниот идентитет: Статичен наспроти динамичен идентитет; Идентитетот и националната / етничката припадност; Идентитетот и национализмот; Идентитетот и општествената инклузија/ексклузија; Идентитет, ксенофобија, геноцид; Идентитетот и групното насилство; Идентитетот и националните симболи; Закони и регулатива; Идентитетот и организациите на заедницата/групата/клубот; Идентитетот и традицијата; Идентитетот и религијата; Изворите на религиозниот авторитет; Идентитетот и теологијата;
Идентитет и меморија: Наративни идентитети; Идентитетот и автобиографиите; Идентитетот и културното наследство; Идентитетот и музејот; Идентитетот и архивите; Идентитетот и политиките на меморијата; Етнографијата и културниот идентитет; Идентитетот и ритуалите; Идентитетот и култот;
Идентитетот и глобализацијата: Идентитетот и миграцијата; Мигрантите и флексибилните идентитети; Идентитетот и дијаспората; Транснационални идентитети; Дијаспора и формирање на субјектот; Идентитетот и односите со татковината; Идентитетот и културната асимилација; Идентитетот и културната хибридизација; Идентитетот и мултинационализмот; Идентитетот и космополитизмот, диверзитетот и хибридноста; Граници и преговарање за идентитетите; Предизвиците и перспективите на враќањето; Нарации за имагинарното враќање наспроти вистинското враќање;
Идентитетот и политиката: Политичкиот идентитет и етничката припадност; Брендирање на нацијата; Идентитетот и дипломатијата; Политичката/државната структура и нејзиното влијание на идентитетите; Политичките партии и идентитетот; Политичката култура и факторите кои влијаат на формирањето на идентитетот: менување и преосмислување на идентитетите; Мултикултурализмот и правата на малцинствата; Европски идентитет; Транснационални идентитети;
Идентитетот и знаењето: Образовните институции и создавањето на идентитетот; Идентитетот и наставата; Образованието и идентитетските конфликти;
Идентитетот и филозофијата: Идентитетот и критичката теорија; Марксистичките погледи на идентитетот; Идентитетот и постколонијалната теорија; „Наши“ и „нивни“; Предрасуди;
Идентитетот и историјата: Историското потекло на актуелните проблеми; Историската методологија и дебатите за идентитетите; Историја, легитимитет идентитет; Идентитетот и историската нарација;
Идентитет, простор, место: Местото, просторот и дискурзивните практики; Идентитет, културни и ритуални артефакти; Всидрени идентитети; Значењето на географските простори во креирањето на идентитетите; Идентитетот и туризмот; Имагинирање на нацијата преку опозицијата урбано-рурално; Идентитетските трансформации и трансформациите на градот;
Идентитетот и лингвистиката: Јазикот како идентитетска формација; Јазикот во мултикултурното општество; Лингвистичкиот империјализам и идентитетот; Лингвистички диверзитет;
Идентитетот и литературата: Улогата на литературата во обликувањето на идентитетите; Наративите и ткаење на идентитетите; Националните слики употребени во литературата; Другиот во литературата; Традиција и клише;
Идентитетот, уметноста и архитектурата: Репрезентации и формации на идентитетот во уметноста: театар, филм, сликарство; Идентитетот и (етничката) музика; Идентитетот и архитектурата; Спомениците и симболите во формирањето на идентитетот; Идентитетот и брендирање на местото;
Идентитетот и медиумите: Создавање на идентитетот во општества презаситени од медиумите; Идентитет, медиуми, конфликт; Идентитет, медиуми, толеранција; Репрезентации на културата и идентитетот во медиумите; Идентитетот и новите технологии; Идентитетот и виртуелната реалност; Идентитетот и сајбер културата; Идентитетот и интернет; Институционален и корпоративен идентитет; Идентитет, морал, етика;
Идентитетот и популарната култура: Идентитетот и народната култура; Потрошувачки идентитет и навики; Модата и дизајнот во формирањето на идентитетот; Храната, културата и идентитетот; Социјалните медиуми и популарната култура; Подкултурите и идентитетот; Квир идентитетот и популарната култура; Идентитетот и стилот на живеење;
Третата годишна меѓународна конференција на ЦККС 2015: “Идентитет и култура” го поздравува учеството на истражувачи на културата, литературата, историјата, филозофијата, уметноста, религијата, социологијата, медиумите, како и сите кои се интересираат за темата. Добродојдени се реферати и креативни проекти кои ги проучуваат прашањата поврзани со темата.
Календар на конференцијата
15 март 2015: Краен рок за испраќање на апстрактите
Крај на март 2015: Информации за прифатените апстракти
15 август 2015: Финална програма на конференцијата
3-5 септември 2015: Одржување на конференцијата
6-8 септември 2015: Екскурзија во Охрид (по избор)
15 декември, 2015: Краен рок за испраќање на рефератите
1 април 2016: Резултати од рецензирањето на рефератите
до крајот на 2016: Објавување на позитивно рецензираните реферати
Пропозиции
Предлози за реферати
Доколку сакате да учествувате со реферат, ве молиме пополнете го образецот, кој можете да го најдете тука: (кликнете за образецот)
Доколку имате проблеми со online регистрацијата, преземете го образецот тука (MS WORD формат), пополнете го и испратете го на email conference@cultcenter.net.
Апстрактот за реферати не треба да биде поголем од 250 збора (1720 знака).
Предлози за панели
Добредојдени се предлози за панели, особено оние организирани од меѓународно признати експерти чија цел е да обединат група истражувачи околу една тема. Со тоа, ќе се постигне интеракција меѓу панелистите и другите учесници на конференцијата. Панелите се важен дел од Конференцијата.
Доколку сакате да предложите панел, ве молиме пополнете го образецот, кој можете да го најдете тука: (кликнете за образецот)
Доколку имате проблеми со online регистрацијата, преземете го образецот тука (MS WORD формат), пополнете го и испратете го на email conference@cultcenter.net.
Апстрактот за панели не треба да биде поголем од 250 збора (1720 знака).
Апстрактите можат да бидат пратени на англиски, руски или македонски јазик, во зависност од јазикот на кој ќе се презентира рефератот.
Процес на селекција и објавување на рефератите
Секој учесник на конференцијата има 15 минути за презентација на рефератот. За секоја презентација се одвоени и пет минути за дискусија.
Рефератите мора да се оригинални и да не бидат претходно објавени или презентирани на друга конференција.
Апстрактите ќе бидат евалуирани од организацискиот одбор на конференцијата, во согласност меѓународните стандарди за научни публикации.
Рефератите кои ќе добијат позитивна оценка во процесот на рецензирање, ќе бидат објавени во електронското рецензирано списание Investigating Culture, во текот на 2016 година.
Селектирани реферати со висок импакт ќе бидат објавени во меѓународното рецензирано списание Култура/Culture (печатена и електронска верзија). Селекцијата на рефератите ќе се одвива преку процесот на рецензија, како и за време на презентациите на конференцијата. Финалната одлука за селекцијата на рефератите ќе биде базирана на извештаите на рецензентите.
Котизација
Регистрација до 1 мај 2015: 40€ (за членовите на Мрежата за култура и културолошки студии – 20€)
Регистрација 2 мај – 15 јуни 2015: 60€ (за членовите на Мрежата за култура и културолошки студии – 40€)
Регистрација за време на конференцијата (или по 15 јуни 2015): 80€ (за членовите на Мрежата за култура и културолошки студии – 60€)
Доколку презентациите имаат повеќе автори, котизацијата се однесува за секој посебно, за да се покријат трошоците за материјали.
Котизацијата вклучува конференциски материјали, опрема за презентирање, освежување меѓу сесиите, коктел за добредојде, електронска Книга на апстракти, рецензирање на рефератите и објавување на прифатените реферати.
Транспортот и сместувањето се на сметка на учесниците.
Контакт: conference@cultcenter.net