Милена Илиевска: Песна

Клуч и клучалка

Само за потсетување дека дневникот секогаш мора да има клуч,
И тој клуч се вклопува само во една клучалка и ништо повеќе.
Само тој може да ја отвори,
Да ја затвори,
Да ја замолчи…
Само тоа вклопување е љубовно танго,
Преплетени прсти под полна месечина
И разулавен водопад од разбушавена фризура,
Црвен кармин – потпис на чашата вино,
Ритам ( не мора да има рима ) на срцебиење,
И трошка мистерија во заедничкото дишење.
Не веруваш?
Јас да.

Непопралива роматничарка,
Дури и тогаш кога
Ќе ми заглави штиклата помеѓу неправилните коцки на улицата,
И тогаш кога, трудејќи се да го смири сјајот во очите,
Ќе ми заискри некое будалесто пламенче во зениците,
Па и тогаш кога однесувањето ми е надвор од секој пропишан бон-тон.
Трошка мистерија во заедничко дишење…
Клучот знае да ја обљуби клучалката,
Да ја заведе,
Да ја натера да издрдори се и сешто.
Се ми се чини дека Ромео и Јулија би ,, пукнале ,, од смеење
На овие несмасни фрази,
Како меч прободени од некое збунето мастило.
Не веруваш?
Јас да.
И како после тоа клучот да и се извини на клучалката?
Таа издрдорела се и сешто,
Кажала тајна,
А тој останал сведок на создавање на нов Универзум.
И сега?!
Единствено може да ја замолчи со бакнеж.
Само така се запечатуваат
Скриените,заеднички вдишувања и издишувања.
Само така може да се види како расне душата,
Се облекува во светлина,
За да ја сподели тајната…
Не веруваш?
Јас да.