(С)мисла

Во едицијата (С)мисла, Книгоиздателството Ми-Ан објавува референтни теоретски книги од македонски и странски истражувачи.

Јазикот и културата

Јазикот и културата

250 ден.

Книгата е посветена на културните фактори во учењето на јазици и ги презентира резултатите од неколкугодишната истражувачка работа со учениците од македонско потекло и нивните родители кои живеат во германскојазичниот дел на Швајцарија.

More info →
Јазикот и стварноста

Јазикот и стварноста

250 ден.

Книгата е значаен прилог кон проучувањето на една важна особеност на македонскиот јазик, а тоа е местото на заменските клитики. Македонскиот јазик, според специфичната употреба на заменските клитики, се изделува како во рамките на словенското јазично семејство, така и во рамките на балканскиот јазичен сојуз и поради тоа е важно еден ваков труд да биде достапен и за домашната и за странската научна јавност. Трудот е поткрепен со теориски пристап, а илустриран со примери од македонската литература и од живиот јазик. Особено е значајно што во овој труд е застапен и компаративниот метод, па така, во споредба со околните словенски и несловенски јазици, се согледуваат посебностите во системот на македонските заменски клитики.

More info →
Прилози за македонската глаголска префиксација – традиција и континуитет

Прилози за македонската глаголска префиксација – традиција и континуитет

250 ден.

Книгата на д-р Наталија Андријевска „Прилози за македонската глаголска префиксација – традиција и континуитет“ претставува значаен придонес за проучувањето на историското зборообразување на македонскиот јазик, со што се потврдува континуитетот на писмениот јазик од црковнословенскиот период до денес.

More info →