Login

Целта на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) е да помогне македонските културни производи, како и практикувачите и теоретичарите на културолошките студии од Македонија да станат видливи во наднационални рамки.
ЦККС за да ги зближи луѓето кои работат на различни подрачја во културата до своите членови, преку веб сајтот, ќе дистрибуира:
– информации и поддршка на културни настани,
– информации и поддршка на меѓународни собири и симпозиуми,
– информации за конкурси финансирани од меѓународни фондации,
– поддршка за изработка на проекти,
– информации за актуелни книги и списанија од областа на културолошките студии и подрачја блиски до неа.
За сите настани организирани од ЦККС, учеството на членовите е со повластена котизација.
Уплатата на годишната членарина од 650 денари (за поединци) или 3500 ден. (за организации до 10 члена) можете да ја извршите на сметката на ЦККС:

ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА И КУЛТУРОЛОШКИ СТУДИИ:
210-0682594001-09
НЛБ Тутунска банка

Existing Users Log In
 Запомни ме