Настани

„Креативни економии“

Книгата е резултат на реализацијата на проектот „Креативни економии: ново знаење за нови иницијативи“, кој Центарот за култура и културолошки студии го предложи на првиот Конкурс за креативни индустрии за 2013 година, распишан од Министерството за култура на Република Македонија. Дополнителен мотив за ЦККС да го реализира проектот беше фактот дека поттикнувањето на креативните економии е една од мисијата и ... Повеќе »

Зборник на трудови „Културна меморија“ т.1

Од печат излезе првиот том на Зборникот на трудови од Првата меѓународна конференција на ЦККС „Културна меморија“ која се одржа од 5-7 септември 2013 во Скопје. Во Зборникот се застапени над дваесет автори. Трудовите се на македонски, англиски и руски јазик. За да го преземете зборникот притиснете тука Повеќе »

„Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“

Истражувачите во Центарот за култура и културолошки студии, врз основа на сознанијата што произлегоа од укажувањата на разни форуми, работилници, собири, анкети за тоа што, всушност, се подразбира кога се спомнува поимот европски вредности, дојдоа до заклучок дека овој поим е чадор-термин кој покрива сè и сешто и дека, всушност, и не се знае на што точно се однесува. Во ... Повеќе »

Соработка помеѓу ЦККС и Словачката академија на науки

Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) и Словачката академија на науките потпишаа договор за соработка на меѓинародната конференција „Медиуми: теорија и практика“ која се одржува од 4 до 6 септември во Скопје. Договорот за соработка предвидува учество во заеднички истражувачки и научни проекти од областа на културолошките студии, театрологијата, теоријата на литература, и други сродни дисциплини. Исто така, предвидува ... Повеќе »

Стјуарт Хол (1932-2014): Заминувањето на хипстерот

Во понеделникот почина Стјуарт Хол (82) еден од основачите на културолошките студии. Меѓу највлијателните мислители на денешницата, Хол академските расправи ги насочи кон прашањата за идентитетот, медиумите, заемното дејство на културите, расата, родот… Веста предизвикува очекувана, човечка емоција, кога ќе замине некој кој, чиниш, го познаваш. Преку неговите книги и текстови. И тоа не е чудно. Чудно е што кога ... Повеќе »

Вредноста на културното наследство

COST Action IS 1007 / Научен собир во Скопје за истражување на одржливоста во културната сфера Од 2 до 4 септември 2013 година на Правниот факултет во Скопје (при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“), во организација на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) се одржа Научен собир на COST Action IS 1007 – Истражување за одржливоста во културната сфера ... Повеќе »

Култура/Culture – нов број

Последниот број на списанието Култура/Culture, како и неколкуте што следат, е посветено на темата културна меморија. Во следните неколку броеви на списанието ќе бидат публикувани селектирани реферати од Првата меѓународна конференција на ЦККС, која се одржа од 5-7 септември 2013 година во Скопје. Конференцијата пред себе постави цел да им овозможи на истражувачи од различни дисциплини да се ангажираат во ... Повеќе »

Работилница: Критичкото мислење и критичката теорија во креативните практики

2 ноември 2013, УКИМ, Скопје Работилницата беше дел од проектот „Младинска креативна акција“. Целта на работилницата беше да се мотивираат младите и креативни учесници на проектот подобро да се информираат за тоа како нивното критичко мислење и критичката теорија можат да бидат фактори во нивната секојдневна работа, преку користење на креативни практики. Работилницата ја водеше проф. д-р Лорета Георгиевска – ... Повеќе »

Изложба „ЕКОАРТ-ЕХО“

28 март 2013 Во Галеријата ИКОНА, на 28 март 2013 година, се отвори изложбата „ЕКОАРТ-ЕХО“ на Дафина Балабанова – Алексова. Изложбата е во рамките на Годишната програма на Центарот за култура и културолошки студии „Културата како стил на живеење“. На отворањето зборуваше Розе Трајчевска. Во програмата на изложбата Лорета Георгиевска Јаковлева напиша: „Она што се чини од исклучително значење за ... Повеќе »

Промоција на книга на Марта Марковска

21 март 2013 Во киното „Фросина“ во Скопје, беше промовирана книгата на Марта Маркоска „Стрмоглаво кон височините“. Промоцијата е во рамките на Годишната програма на Центарот за култура и културолошки студии „Културата како стил на живеење“. За книгата, Маркоска ја доби наградата „Ацо Караманов“ за најдобро поетско остварување во 2012 година. На промоцијата говореа Лорета Георгиевска Јаковлеа и Славица Гаџова, ... Повеќе »