Мрежа за култура и културолошки студии

NCCS

МККС е основана од неколку истражувачи кои делат заеднички интереси. Иако со различни позадини и теоретски позиции, тие се стремат да ги промовираат културолошките студии во светот.

Мисија
Мисијата на Мрежата за култура и културолошки студии е да обезбеди рефлексивна мрежа на интелектуалци кои ќе придонесат за развивање на културолошките студии како академска дисциплина со цел да се ситуираат силите кои го конструираат нашиот секојдневен живот; да ја развива теоријата на културата како алатка за анализи на политичките и општествени прашања – историски и современи; да ја проучи политичката динамика на современата култура, како и нејзините историски основи, конфликти и дефинирани својства, да поттикнува и развива интердисциплинарни истражувања и дијалог за развој и примена на теоријата на културата во релација со студите за литературата, студиите за медиумите, визуелната култура, филмските студии, музикологијата, постколонијалните студии, родовите студии, историјата, културната географија, антропологијата, археологијата, музеологијата, студиите за меморијата, социологијата, филозофијата, правните науки, економските науки и др.; да обезбеди ресурси за етичка евалуација на современото општество; да ги поттикнува истражувањата и активностите кои ги анализираат начините на кои пораките се однесуваат на идентитетот, идеологијата, општествената класа, националноста, етничката припадност, сексуалноста и др.; да поттикнува истражувања и активности за посочување на начините со кои значењата се генерирани, распространети и произведени преку различни практики, верувања, институции и политички, економски или општествени структури во рамките на дадена култура; да поттикнува истражувања за начините на кои културните практики се поврзани со прашањата за моќ; да поттикнува идеи со кои ќе се помири поделбата на знаењата, со што ќе се надмине расцепот меѓу премолчените културни знаења и универзалните форми на знаење и др.

Визија
МККС се стреми да прерасне во препознатлива мрежа на истражувачи од целиот свет кои ќе остваруваат блиска соработка на полето на културолошките студии, ќе организираат заеднички средби, научни работилници и конференции,ќе работат на заеднички проекти, ќе издаваат зборници и публикации со цел да се размени знаењето и искуството и да се поттикнат нови знаења.

Оснивачи на МККС
д-р Лорета Георгиевска – Јаковлева (Македонија); д-р Мишел ПАвловски (Македонија); д-р Сања Пуљар д‘Алесио (Хрватска); Бенедикт Перак (Хрватска); д-р Даниела Колева (Бугарија); д-р Митја Великоња (Словенија); д-р Димитру Тукан (Романија)

Членови на МККС

Аврамовска, Наташа
Алаѓозовски, Роберт
Албу, Михаела
Ангеловски, Дарин
Андоновска, Христина
Апостолова, Иванка
Батакоја, Мери
Божиќ Маројевиќ, Милица
Божиновиќ, Владимир
Бороникова, Наталија
Булатовиќ, Драган
Васиљевиќ, Марија
Величковска, Родна
Витанова Рингачева, Ана
Георгиевска-Јаковлева, Лорета
Глигорова, Бела
Гловацка-Грајпер, Малгорзата
Гњатовиќ, Милена
Груевска-Маџовска, Симона
Ѓукиќ, Марина
Ѓула, Макса
Ѓуркова, Александра
Димова, Марија
Димовска, Кристина
Домингес, Цезар
Здравкова-Џепаровска, Соња
Илиевска-Таневски, Наташа
Инџевска, Славица
Капушевска-Дракулевска, Лидија
Караниколова, Луси
Карапејовски, Бобан
Китинг, Бенџамин
Костадиновски А. Жаклина
Лукиќ, Мина
Маркоска, Марта
Матијашевиќ-Покупец, Весна
Милосављевиќ-Аулт, Ангелина
Младеновски, Марјан
Мојсова-Чепишевска, Весна
Мухиќ, Маја
Намичев, Петар
Нолевска, Николинка
Павличиќ, Јелена
Павловски, Мишел
Пановски, Наум
Петковска, Нада
Петреска, Весна
Петровска-Кузманова, Катерина
Петрушевски, Петруш
Попадиќ, Милан
Поповска, Ангелина
Поповски, Златко
Поповски, Радомир
Поцевска, Валентина
Ристовски, Гоце
Сарајлија, Никола
Силјановска, Лилјана
Скубев, Крсто
Спирковска, Марија
Станковиќ, Исидора
Стефанова, Нина
Стоименова, Емилија
Стојаноска, Ана
Стојкоски, Здравко
Трајкова, Катица
Тренчовски, Горан
Туџаровска-Ѓоргиевска, Емилија
Туџаровска-Ќупева Билјана
Хорстеин-Томиќ, Каролине
Цветанова, Ганка
Џамтовска-Здравковска, Сузана
Џемаиловски, Арбен