За нас

Мисија

Мисија на Центарот за култура и културолошки студии е да ги поттикнува креативните активности, новите културни облици и практики и да ги стимулира квалитетните културни и уметнички продукции; да обезбедува одржлив развој на културата, да ја поттикнува заштитата на културното наследство и старите занаети; да го поттикнува економскиот развој преку културните и креативните индустрии и преку културниот туризам; да се залага за развивање на квалитетни културни политики; да ги засилува мултикултурните и интеркултурните врски; да се залага за почитување на човековите права, културната различност, расната, етичката и родовата еднаквост и да ги поддржува активностите на маргинализираните групи; да го зајакнува демократскиот и граѓанскиот потенцијал во општеството; да укажува на важноста од зачувување на природната средина и природните ресурси и да ги развива културолошките студии како академска дисциплина.

Визија

Визија на ЦККС е да прерасне во препознатлива, невладина, непрофитна организација, поврзана со други организации со во земјава и светот, чија насока на делување е преку културата, културните практики и истражувачки проекти да придонесува за демократизација на општеството и негов економски раст.

Оснивачи на ЦККС

Лорета Георгиевска – Јаковлева (Претседателка на ЦККС); Мишел Павловски (Потпретседател); Сузана Џамтоска – Здравковска; Соња Здравковска – Џепароска; Бела Глигорова; Наташа Илиевска – Таневски; Ирена Јорданова (Секретар); Дафинка Балабанова – Алексова; Валентина Поцеска; Бобан Карапејовски; Томислав Каранфиловски; Виктор Јаковлев