Warning: Declaration of tie_mega_menu_walker::start_el(&$output, $item, $depth, $args) should be compatible with Walker_Nav_Menu::start_el(&$output, $item, $depth = 0, $args = Array, $id = 0) in /home/cultcent/public_html/mk/wp-content/themes/sahifa/functions/theme-functions.php on line 1966
Прелиминарни резултати од проектот „Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“ | Центар за култура и културолошки студии

Прелиминарни резултати од проектот „Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“

Истражувачите во Центарот за култура и културолошки студии, врз сознанијата кои произлегоа од укажувањата на разни форуми, работилници, собири, анкети за тоа што всушност се подразбира кога се спомнува поимот европски вредности, дојдоа до заклучок дека овој поим е чадор-термин кој покрива сè и сешто и дека, всушност, и не се знае на што точно се однесува. Во Република Македонија за европските вредности се зборува многу, особено во контекст на спорот со името. По 2008 година, кога РМ не доби покана за членство во НАТО, а потоа и не доби датум за преговори со ЕУ, поимот европски вредности, особено во медиумите, е предмет на дискусија, но најчесто со негативни конотации. Тоа го поттикна истражувачкиот тим на ЦККС пред УСАИД и Фондацијата Отворено општество – Македонија да предложи проект со наслов Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми, директно раководејќи се од ставот дека опсегот и значењето на овој поим не се дадени еднаш за секогаш и за него може да се преговара. Ваквиот став беше потврден и со спроведената анализа, која појде од претпоставката дека по 2008 година, кога разочарувањето на македонските граѓани од одлуките на ЕУ и НАТО е големо, а евроскептицизмот расте, за поимот европски вредности ќе се врзат многу различни значења. Оттука и истражувањето се концентрира на последните пет години, односно 2009-2013. Под раководство на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева („Нова Македонија“ и компаративна анализа на весниците), истражувачкиот тим во состав проф. д-р Мишел Павловски („Дневник“ и „Утрински весник“), м-р Наташа Илиевска-Таневски („Вест“), Тамара Чаусидис („Фокус“) и м-р Александра Јуруковска („Вечер“), според Лисабонската декларација изведоа обележја и атрибути на поимот европски вредности кои се анализираа во шест македонски печатени медиуми: дневните весници „Нова Македонија“, „Утрински весник“, „Дневник“, „Вест“, „Вечер“ и неделникот „Фокус“. Ова издание ги претставува резултатите од истражувањето. Проектот има за цел и практично да делува преку организирање на работилници за студентите по новинарство во кои активно учествува и доц. д-р Сузана Џамтоска-Здравковска. Исто така, проектот има за цел преку широко претставување на резултатите од трудот да се поведе дебата за чекорите кои треба да се преземат во иднина, а во кои свој придонес даде и Дејан Георгиевски, претставник од партнерската организацијата Центар за развој на медиуми, Скопје.

Подолу се прелиминарните резултати од истражувањето.

Download (PDF, 749KB)

 

English