Warning: Declaration of tie_mega_menu_walker::start_el(&$output, $item, $depth, $args) should be compatible with Walker_Nav_Menu::start_el(&$output, $item, $depth = 0, $args = Array, $id = 0) in /home/cultcent/public_html/mk/wp-content/themes/sahifa/functions/theme-functions.php on line 1966
Покана за учество: „Медиуми – теорија и практика“ | Центар за култура и културолошки студии

Покана за учество: „Медиуми – теорија и практика“

MEDIA_STUDIES_CALL

Втора годишна меѓународна конференција на ЦККС 2014
„Медиуми – теорија и практика“
Хотел „Континентал“, Скопје, 4-6 септември 2014

Конференцијата е поддржана од:

European Communication Research and Education Associationwww.ecrea.eu
International Association for Media and Communication Researchhttp://www.iamcr.org/

Центарот за култура и културолошки студии бара предлози за реферати, тематски панели и оригинални медиумски продукции за Втората годишна конференција на ЦККС 2014 “Медиуми: теорија и практика”.
Целта на конференцијата е да ги осветли сите аспекти на студиите за медиуми, вклучувајќи ги масовната комуникација, технологијата на медиумите, визуелните уметности, изведувачките уметности, телевизијата, радиото, WEB и печатените изданија, како и други аспекти на студиите за медиуми и масовната комуникација.
ЦККС ги поздравува предлозите кои нудат оригинална медиумска продукција: документарни филмови, фикциски или ненаративни креативни изрази. Предлогот мора да содржи креативно или теоретско образложение на делото. Во оваа група особено се добредојдени проекти од студенти на докторски студии или тимови составени од студенти и наставници.
Втората годишна меѓународна конференција на ЦККС 2014 “Медиуми: теорија и практика” се стреми да понуди средба на теоретичари и практичари. Во таа насока, теоретичарите на студиите за медиуми и практичарите во медиумите се повикуваат да понудат идеи, теми и учество во работилници и тркалезни маси поврзани со современите прашања со кои се соочува теоријата и практиката.
Темите за конференцијата можат да ги вклучуваат, но не се ограничени на прашања од областа на:

Медиумска анализа
Содржинска анализа
Медиумска писменост
Медиумски дискурси
Критичка теорија и медиумска критика
Медиуми и хегемонија
Медиуми и глобализација
Медиуми и политичка комуникација
Медиумски активизам
Медиуми и идеологија
Медиуми и демократија
Медиуми и право
(Де)регулација на медиуми
Медиуми и приватност
Медиуми и авторски права
Уметност и медиуми
Медиуми и естетика
Филм
Театар
Визуелни уметности
Изведувачки уметности
Медиуми и култура
Медиуми и род
Дијаспора, мигранти и медиуми
Медиуми и националното
Медиуми и публика
Културен популизам
Културен капитал
Медиуми и помнење/заборавање
Медиуми и идентитет
Медиумски репрезентации
Нови медиуми
Медиуми и игри
Социјални медиуми
Дигитален активизам
Медиумски екосистем
Мултимедија
Студии по новинарство
Новинарството и социјалните и културните репрезентации
Улога на новинарството во ерата на дигиталните технологии
Алтернативни медиуми и медиуми на заедницата
Предлози за реферати
Доколку сакате да учествувате со реферат, ве молиме пополнете го образецот. Доколку имате проблеми со online регистрацијата, преземете го овој фајл (MS WORD формат)
Апстрактот за реферати не треба да биде поголем од 250 збора (околу 1700 знака).
Предлози за панели
Добредојдени предлози за панели, особено оние организирани од меѓународно признати експерти чија цел е да обединат група истражувачи околу една тема. Со тоа, ќе се постигне интеракција меѓу панелистите и другите учесници на конференцијата. Панелите се важен дел од Конференцијата.
Доколку сакате да предложите панел, ве молиме пополнете го образецот.
Предлозите за панел треба да содржат апстракт од најмногу 300 збора (околу 2100 знака), за целиот панел
Важни датуми и котизација
Краен рок за испраќање на апстрактите: 15 март 2014
Известување за прифаќање: 1 април 2014
Краен рок за испраќање на рефератите: 1 декември 2014
Рана котизација (до 1 мај 2014): 40 € (за членовите на Мрежата за култура и културолошки студии – 20 €)
Доцна котизација (до 15 август 2014): 60 € (за членовите на Мрежата за култура и културолошки студии – 40 €)
Котизација при пријавување (или по 15 август 2014): 80 € (за членовите на Мрежата за култура и културолошки студии – 60 €)
Котизацијата вклучува: коктел за добредојде, конференциски материјали, online публикација на апстрактите, освежување за време на паузите. Рефератите кои ќе добијат позитивен извештај од рецензентите ќе бидат објавени во списанијата “Култура/Culture” или “Investigating Culture”.
Конференцијата ќе се одржи од 4-6 септември 2014 во Скопје.
Официјални јазици на конференцијата се македонски, англиски и руски.
За повеќе информации можете да го контактирате д-р Мишел Павловски или д-р Лорета Георгиевска – Јаковлева.

Организациски одбор
Карпентиер, Нико (Слободен универзитет – Брисел, Белгија)
Кокс, Џон К. (Државен универзитет на Северна Дакота – Фарго, САД)
Џамтоска-Здравковска, Сузана (Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Македонија)
Георгиевска Јаковлева, Лорета (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Македонија)
Хајдерик, Франсоа (Слободен универзитет – Брисел, Белгија)
Јуришиќ, Јелена (Универзитет во Загреб – Загреб, Хрватска)
Ќулафкова, Ката (МАНУ – Скопје, Македонија)
Манце, Борис (Центар за истражување на општествената комуникација при Факултетот за општествени науки – Љубљана, Словенија)
Патриарш, Жофри (Универзитет Свети Луис – Брисел, Белгија)
Павловски, Мишел (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Македонија)
Шродер, Ким Кристијан (Универзитет во Роскилд – Роскилд, Данска)
Старки, Гај (Универзитет во Сандерланд – Сандерланд, Велика Британија)

Преземете ја поканата за учество

One comment

  1. Ова ќе биде одлична конференција