„Креативни економии“

kreativni-ekonomiiКнигата е резултат на реализацијата на проектот „Креативни економии: ново знаење за нови иницијативи“, кој Центарот за култура и културолошки студии го предложи на првиот Конкурс за креативни индустрии за 2013 година, распишан од Министерството за култура на Република Македонија. Дополнителен мотив за ЦККС да го реализира проектот беше фактот дека поттикнувањето на креативните економии е една од мисијата и програмските определби на Центарот за култура и културолошки студии. Основната цел на проектот беше да се стекнат знаења за врските помеѓу културата, креативноста и економијата, како и да се подигне свеста за општествениот и економскиот бенефит од стимулирањето на креативните економии. Исто така, проектот требаше да го претстави и да придонесе за усвојување на концептот во кој на културните и креативните ресурси и потенцијали нема да се гледа како на потрошувачи на буџетски средства туку како на основа за економски раст. Очекувавме дека со реализацијата на проектот ќе се стекнат знаења и ќе се усвојат добри практики за да се поттикне креативноста, иноваторството и претприемништвото.

Содржина

Лорета Георгиевска-Јаковлева
Креативни економии: теоретска подлога и локален контекст
Јадранка Дабовиќ-Анастасовска
Релациите на културните економии со правата на интелектуална сопственост
Катица Ќулавкова
Заводлив прирачник за пишување куса фикција (расказ, кус расказ, повест, новела)
Билјана Рајчинова
Модели на проекти во културата: Саем на книгата во Скопје
Анета Христова, Мери Батакоја
Креативни економии: архитектурата како фактор на културна одржливост на македонските градови
Лорета Гергиевска-Јаковлева, Мишел Павловски
Струмица – градот во кој сакам да живеам!
Александра Симова
Farmville како економски модел: креативни економии на интернет
Дафинка Балабанава-Алексовска
Традиционалните занаети во функција на одржлив развој
Белешка за авторите

ministerstvo za kultura na makedonija

Проектот „Креативни економии: ново знаење за нови иницијативи“ е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија

За да ја преземете книгата притиснете тука