Јазикот и стварноста

Јазикот и стварноста

Сериозна студија за заменските клитики во македонскиот јазик

Книгата е значаен прилог кон проучувањето на една важна особеност на македонскиот јазик, а тоа е местото на заменските клитики. Македонскиот јазик, според специфичната употреба на заменските клитики, се изделува како во рамките на словенското јазично семејство, така и во рамките на балканскиот јазичен сојуз и поради тоа е важно еден ваков труд да биде достапен и за домашната и за странската научна јавност. Трудот е поткрепен со теориски пристап, а илустриран со примери од македонската литература и од живиот јазик. Особено е значајно што во овој труд е застапен и компаративниот метод, па така, во споредба со околните словенски и несловенски јазици, се согледуваат посебностите во системот на македонските заменски клитики.

About the Book

Предметот на истражување во овој труд ги опфаќа следниве концепти: дистрибуционализмот како лингвистичко учење; референцијата како средство за упатување (или посочување) реализирана пред сè со заменките; и, категоријата лице. Овие концепти се земаат како теориска рамка низ која се проследуваат поставените прашања што ги засегаат заменските клитики, чија анализа, пак, претставува централен дел во трудот. Имено, Карапејовски одбира три појави кои може да се проблематизираат од аспект на дистрибуцијата на клитиките: а) т.н. ’скокачки клитики’; б) комбинирањето на дативните и акузативните клитики; в) случаите со субјект во прво лице еднина, и објект во вид на клитика во прво лице множина.

Details
Author:
Series: (С)мисла
Genre: Теорија
Publisher: Книгоиздателство МИ-АН
Publication Year: 2018
ISBN: 9789989191978
List Price: 250 ден.
Endorsements
Книгата „Јазикот и стварноста“ е значајна од повеќе причини, кои ќе ги резимирам во две точки: а. резултатите од истражувањето нудат нови сознанија и можни толкувања на поставените проблеми, со што овој труд добива значајно место во македонската наука за јазикот; б. методолошки, трудот е изработен беспрекорно, а особено за истакнување е начинот на кој се воведува секој нов дел – со течни и лесни премини од еден кон друг, што го прави целиот текст исклучително читлив.
– проф. д-р Анета Дучевска, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје
Book Club Resources
About the Author
Бобан Карапејовски

Бобан Карапејовски е магистер по филолошки науки, докторанд по македонски јазик и лингвистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и асистент на истиот факултет. Негов предмет на научен интерес во рамките на лингвистиката и македонистиката се теми поврзани со општата лингвистика, синтаксата и семантиката. Автор на дваесетина стручни и научни трудови од овие област, објавени во домашни и странски списанија и зборници на трудови. Учесник во неколку домашни и меѓународни проекти. Со свои реферати учествувал на конференции во Прага, Белград, Грац, Љубљана... Добитник на наградата „26 јули – Франк Манинг“ на Ректоратот на УКИМ и Фондацијата „Франк Манинг“ (Лондон, Обединето Кралство) за најдобар студент на завршна година на студии (2010).