Креативни точки (зборник)

Креативни точки (зборник)

Млада генерација автори кои навестуваат нов квалитет

Зборник од делата научесниците на првите три манифестации „Креативни точки“.
Иако целната група на манифеста-цијата „Креативни точки“ се младите уметници, првото издание се отвори со песната „Кирил Пејчиновиќ за последен пат ги ора манас-тирските нивје“ на истакнатиот писател и публицист Јован Павловски и расказот „Поправка“ на афирмираната писателка и критичарка Оливера Ќорверзироска. Зашто, генерациите од кои се учи и се наследува занаетот, не ги забораваме. Оти, како што поентира и Блаже Конески, без традиција нема иновација. Им благодариме на поддршката.
Освен нив, во Зборникот се застапени: Петар Андоновски, Митко Апостолов, Mитко Гогов, Катерина Гогова, Ана Голејшка, Живко Грозданоски, Ѓоко Здравески, Јован Илиевски, Томислав Каранфиловски, Ѓорѓи Крстевски, Владимир Лукаш, Калина Малеска, Марта Маркоска, Фросина Пармаковска, Елена Пренџова, Перо Сарџоски, Биљана Стојановска, Давор Стојановски, Небојша Стојаноски, Снежана Стојчевска.

About the Book

„Концептот на ‚Креативни точки‘ беше инспириран од една, би рекла, несекојдневна состојба. Имено, станува збор за млади писатели, најголемиот дел родени во осумдесетите или малку пред и по нив, кои не само што професионално соработуваат, што не е ни така редок случај, туку нивните контакти се протегаат и во сферата на приватното. Сознанието дека нивните средби и дружби се речиси секојдневни, ни го наметна прашањето: Дали кога и во професионалното и во приватното главен јунак на приказната е самата книжевност, таа може да се надвиши над просечното и да открие нови светови во светот кој и не е така пријатно место за живеење? Посреден одговор на ова прашање се обидува да даде Зборникот од трите изданија на манифестацијата „‚Креативни точки‘“.
Општ впечаток е дека и застапените прозни автори (Петар Андоновски, Живко Гроздановски, Ѓорѓи Крстевски, Владимир Лукаш, Калина Малеска, Фросина Пармаковска, Давор Стојановски и Небојша Стојаноски) и застапените поети (Митко Апостолов, Mитко Гогов, Ана Голејшка, Ѓоко Здравески, Јован Илиевски, Томислав Каранфиловски, Марта Маркоска, Елена Пренџова, Перо Сарџоски, Биљана Стојановска, и Снежана Стојчевска) на македонската книжевна сцена носат нов творечки сензибилитет, речиси незаинтересиран за колективните, големи нарации и мотиви, свртен кон себе, кон себеоткривањето и кон сопственото постоење во светот. Сепак, тоа постоење не е неза-висно, ослободено од општите збиднувања. Напротив, токму во ре-лацијата општо-посебно, различна од онаа колективно-индивидуал-но, како да се испишуваат темите и дилемите на творечкиот субјект.

Details
Author:
Genre: Зборник
Publisher: Книгоиздателство МИ-АН
Publication Year: 2018
ISBN: 9789989191954
List Price: 200 ден.
Endorsements
Исто така, се забележува дека авторите на изборот, во воведните текстови, не се ни обидуваат да зборуваат за естетички критериуми, туку за две прашања кои се значајни и присутни во секоја литература, па така и македонската: за процесите и појавите во младата македонска книжевност и за интермедијалноста како неодминлив субјект во ова време на глобализација и нови медиуми. Ќе се осмелам да кажам, поради ваквиот пристап, а и поради мајсторската и прецизна селекција на авторите, книгата „дише“ со енергија, добра литература и елан.