Наталија Андријевска

Наталија Андријевска е родена 1968 година во Скопје. По завршувањето на додипломските студии на Филозофско-историскиот факултет во Скопје, група Класични студии, се запишува на постдипломските студии на Филолошкиот факултет во Скопје на групата за Македонски јазик. Магистрира во 2001 година, а докторира во 2007 година со дисертацијата под наслов „Зборообразувањето во Крнинскиот дамаскин“. Во август 2013 година се здоби со звањето научен советник.
Од 1995 година до денес работи во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, на проектот „Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција“, како и на други проекти од областа на историјата на македонскиот јазик. Автор е на два монографски труда и на поголем број статии посветени првенствено на историското зборообразување на македонскиот јазик, објавени во домашни и странски научни списанија. Член е на Комисијата за црковнословенски речници при Меѓународниот славистички комитет.

Прилози за македонската глаголска префиксација – традиција и континуитет

Прилози за македонската глаголска префиксација – традиција и континуитет

250 ден.

Книгата на д-р Наталија Андријевска „Прилози за македонската глаголска префиксација – традиција и континуитет“ претставува значаен придонес за проучувањето на историското зборообразување на македонскиот јазик, со што се потврдува континуитетот на писмениот јазик од црковнословенскиот период до денес.

More info →