Бобан Карапејовски

Бобан Карапејовски е магистер по филолошки науки, докторанд по македонски јазик и лингвистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и асистент на истиот факултет. Негов предмет на научен интерес во рамките на лингвистиката и македонистиката се теми поврзани со општата лингвистика, синтаксата и семантиката. Автор на дваесетина стручни и научни трудови од овие област, објавени во домашни и странски списанија и зборници на трудови. Учесник во неколку домашни и меѓународни проекти. Со свои реферати учествувал на конференции во Прага, Белград, Грац, Љубљана… Добитник на наградата „26 јули – Франк Манинг“ на Ректоратот на УКИМ и Фондацијата „Франк Манинг“ (Лондон, Обединето Кралство) за најдобар студент на завршна година на студии (2010).

Јазикот и стварноста

Јазикот и стварноста

250 ден.

Книгата е значаен прилог кон проучувањето на една важна особеност на македонскиот јазик, а тоа е местото на заменските клитики. Македонскиот јазик, според специфичната употреба на заменските клитики, се изделува како во рамките на словенското јазично семејство, така и во рамките на балканскиот јазичен сојуз и поради тоа е важно еден ваков труд да биде достапен и за домашната и за странската научна јавност. Трудот е поткрепен со теориски пристап, а илустриран со примери од македонската литература и од живиот јазик. Особено е значајно што во овој труд е застапен и компаративниот метод, па така, во споредба со околните словенски и несловенски јазици, се согледуваат посебностите во системот на македонските заменски клитики.

More info →