Monthly Archives: September 2015

Томислав Каранфиловски: Песни

Ќеиф Често, стариците клошарки од моето маало сонуваат дека водат љубов облечени во розеви чорапи. Веднаш по чинот на спојување, Ги соблекуваат чорапите И се облекуваат до гуша Смрзнати од студ. Тогаш се будат. Имаат сè на себе, само не розеви чорапи. Се случува, некогаш, некои од нив Да бидат најдени, по неколку денови Од смртта, голи, а сосема среќни …

Read More »

Ѓоко Здравески: Песна

кој сум и кој сакам да бидам однатре: вриштам по тебе! во мене деца фрлаат петарди од терасите. во мене прштат панаѓурски огномети. се вртат рингишпили и балерини прават пируети. цели јата папагали прелетуваат низ мене. во мене цели универзуми се судираат и од нивните експлозии се раѓаат нови и нови бои што моите очи не ги препознаваат. во мене …

Read More »

Ана Голејшка: Песни

Човек ќе се роди ќе му дадат име ќе го заковаат за некакви одредници географски бројчани ќе му кажат – верувај во ова не верувај во она мрази го секој што не е како тебе сакај го ближниот свој Ќе се роди и ќе умре, чекајќи некое ново небо безгранично топло како првата прегратка на Мајката Земја Ќе се родиш …

Read More »

Јулијана Величковска: Песна

Вода доаѓам во своите чизмички со ситни чекори шлапам во секое вирче на патот во кал доаѓам се враќам цврсто силно со нозе в земја удирам во кал во вода насекаде вода таа вода во мене немирна нескротена од поројни летни бури во месингов сад собрана па во мене истурена каллива и таа отстојана пожолтена дождовница солена сите мои солзи …

Read More »

Иван Антоновски: Песни

Не прекорувајте ме затоа што сега не пишувам Не прекорувајте ме затоа што сега не пишувам – сега само читам што напишале другите. Ги критикувам, се воодушевувам или останувам рамнодушен – живеам во туѓите текстови. И знам – ако сега напишам нешто, тоа нема да биде мое – ќе бидам само потстанар во стан со туѓ имотен лист. А потоа, …

Read More »

Видео и галерија: „Креативни точки“ во Лешочкиот манастир

Манифестацијата „Креативни точки“ која, како би сакале, треба да прерасне во традиционална, е дел од програмата на Центарот за култура и културолошки студии Културата како стил на живеење. Подолу е видеото од целата манифестација.

Read More »

„Креативни точки“

На 25 септември (петок) 2015 година со почеток од 19.00 часот, во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ-Тетоец“, Лешочки манастир, за првпат се одржa литературно-музичката манифестација „Креативни точки“, во организација на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) од Скопје и Женскиот хор „Менада“ од Тетово.

Read More »

Креативни економии

Оваа книга е резултат на реализацијата на проектот Креативни економии: ново знаење за нови иницијативи. Основната цел на проектот беше да се стекнат знаења за врските меѓу културата, креативноста и економијата, како и да се подигне свеста за општествениот и економскиот бенефит од стимулирањето на креативните економии. Проектот го промовира концептот во кој на културните и креативните ресурси и потенцијали нема да се гледа како на потрошувачи на буџетски средства туку како на основа за економски раст.

Read More »