Monthly Archives: September 2015

Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми

Европски вредности

Трудот „Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми” сака да го истражи прашањето кои вредности, кои убедувања и кои слики, денес, се реле‐ вантни за жителите на Европа? Кои се разликите меѓу одделните региони и нации и можат ли тие да се обединат во заеднички систем на европски вредности? Што се подразбира под поимот европски вредности во Македонија?

Read More »

Cultural Memory / Культурная память / Културна меморија (2)

cm-proceedings-vol-2

The second volume of Proceedings from First International Conference on CCCS "Cultural Memory", held 5-7 September 2013 in Skopje, is available both in print and digital versions. In this volume are presented more then 20 papers on English, Macedonian and Russian.

Read More »

Cultural Memory / Культурная память / Културна меморија (1)

korica-zbornik-memorija

The first volume of Proceedings from First International Conference on CCCS "Cultural Memory", held 5-7 September 2013 in Skopje, is available both in print and digital versions. In this volume are presented more then 20 papers on English, Macedonian and Russian.

Read More »

Милена Илиевска: Песна

Клуч и клучалка Само за потсетување дека дневникот секогаш мора да има клуч, И тој клуч се вклопува само во една клучалка и ништо повеќе. Само тој може да ја отвори, Да ја затвори, Да ја замолчи… Само тоа вклопување е љубовно танго, Преплетени прсти под полна месечина И разулавен водопад од разбушавена фризура, Црвен кармин – потпис на чашата …

Read More »

Оливера Ќорвезировска: Расказ

Поправка Живеевме во две соби и во два јазика. Јас и маж ми во еден, речиси заеднички, децата во друг, знаен јазик само за нив. Ние го разбиравме нивниот, ама не го користевме. Тие го користеа нашиот, ама не го разбираа. Нашата соба беше најмала, а со најголем кревет. Нивната беше совршено чиста и практична, со смерни кревети на извлекување. …

Read More »

Снежана Стојчевска: Песни

Генетика Гените се боженствена работа им се восхитувам на прецизноста секој пат кога ќе ја погледнам внука ми како да се гледам во огледало од минатото. Не можам да ја карам, имам чудно чувство како да се карам себеси мала. Не можам да не бидам милна со баба ми. Убава си и велам на одење и ја бакнувам во образот. …

Read More »

Небојша Стојаноски: Песна

Чистење Сите светли денови и сите љубени изгубени се во неповрат потонати во една нечиста тоалетна шолја и само ја повлекувам рачката од казанчето за да ги истерам сите нечистотии за да ги избришам и заборавам сите поминати јадови и градови. Сите мои борби се ни добиени ни изгубени, само знам дека малку по малку ја губам душата која и …

Read More »

Давор Стојановски: Исечок

Исечок од романот Ненасловена месечева соната Сандра го погали Јон по мократа коса, а лицето ѝ се засенчи со убава тага. Вилиците му трепереа, забите му ѕвечеа, мускулите му подигруваа, но се чинеше дека само погледот му беше смирен и сталожен. Однадвор допре виеж на мразулците, а неколку изѕемнати улични кучиња лаеја по небото. Во креветот постоеше шепот и прамен …

Read More »

Марта Маркоска: Песни

НИКОЈ НЕ МОЖЕ ОД СЕБЕ ДА СЕ СПАСИ Ти си борец за човекови права а јас, само за своите… А како би била за туѓите кога пред очи две врапчиња зграпчија недолжен скакулец А јас неодлучно гледајќи дали да му помогнам си реков – таков е законот на природата Ако го спасев скакулчето ќе ги изгладнев пилињата кои можеби имаа …

Read More »

Калина Малеска: Расказ

Нечовечкиот антагонист Мирон Арониевски седна пред својот лаптоп и го отвори документот за превод. Никогаш немаше некој особен став кон текстовите што ги преведуваше – без разлика дали му беа интересни или не: според едноличното чукање по тастатурата и изразот на неговото лице – никој не би можел да погоди дали ужива во она што го чита или му е …

Read More »