Креативни економии

Креативни индустрии
Јазик/Language:
Македонски
Формат/Format:
Мек повез, офсет
Едиција/Series:
Истражување/Research
Страници/Pages:
197
ISBN:
978-9989-191-37-4
download
Уредници: Лорета Георгиевска – Јаковлева;
Мишел Павловски

Оваа книга е резултат на реализацијата на проектот Креативни економии: ново знаење за нови иницијативи, кој Центарот за култура и културолошки студии го предложи на првиот Конкурс за креативни индустрии за 2013 година, распишан од Министерството за култура на Република Македонија. Веројатно ентузијазмот со кој тимот на Центарот работеше на пријавувањето на проектот беше препознаен од страна на оние што одлучуваа и тој ја доби неопходната поддршка за негова реализација. Дополнителен мотив за ЦККС да го реализира проектот беше фактот дека поттикнувањето на креативните економии е една од мисијата и програмските определби на Центарот за култура и културолошки студии.
Основната цел на проектот беше да се стекнат знаења за врските помеѓу културата, креативноста и економијата, како и да се подигне свеста за општествениот и економскиот бенефит од стимулирањето на креативните економии. Исто така, проектот требаше да го претстави и да придонесе за усвојување на концептот во кој на културните и креативните ресурси и потенцијали нема да се гледа како на потрошувачи на буџетски средства туку како на основа за економски раст. Очекувавме дека со реализацијата на проектот ќе се стекнат знаења и ќе се усвојат добри практики за да се поттикне креативноста, иноваторството и претприемништвото.